Кривичниот суд на тапет

03.07.2017 02:51
Кривичниот суд на тапет

Во врска со бруталната узурпација на Кривичниот суд од страна на криминалните инсталации на злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ, мора да се изјаснат владата и премиерот лично, Собранието на Република Македонија и некои важни меѓународни правни, дипломатски и политички инстанци.

Прво, затоа што оваа важна правосудна институција, на очиглед на целокупната домашна и светска јавност, е ставена во служба на злото, на најтешките форми на криминалното зло на највисоки државни функционери и, второ, затоа што со таквата деформација Кривичниот суд ги прави невозможни правдата и правото во Република Македонија во сите случаи, а не само во случаите што ги третира Специјалното јавно обвинителство. Со други зборови, ја прави невозможна Република Македонија зашто ја елиминира смислата на заедничкиот живот, смислата на заедницата. Нема никакви дилеми дека тоа ниво на распаѓање беше една од главните цели на антимакедонаката и антицивилизациска мисија на ВМРО-ДПМНЕ и за очекување е дека и во врска со тој аспект ќе добиеме квалитетни одговори на општеството и на неговите политички и институционални репрезенти. Општествената и институционална реакција и соодветните мерки за надминување на тешките проблеми, не смее да ги спречи строгото интерпретирање на тезата за независноста на властите, никој не смее да се крие зад таа теза, тоа би било цинично или во најмала рака инфантилно позиционирање.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња