Со чај

03.07.2017 12:25

Јас сум таа што зема,
јас сум таа што дава
чај и приказни за чајот
од билото на планината,
од стрмнината изорана
со копита, шепи и канџи,
од ползачи рамнета,
со густ полен полеана.

Јас сум таа што зема,
јас сум таа што дава
чај и трска за приказна
од дното на долината
кај што езеро заспало,
а ламја го чува в сонот,
среде сонот лотос пламти,
а огнот е ѕвезден кораб.

Јас сум таа што зема,
јас сум таа што дава
чај и приказни за чајот
дури коработ низ мракот
над езерото запира. 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото