Ботаничка градина

03.07.2017 14:59
Ботаничка градина

Ова е пансион за билки, воден многу строго, како манастирска школа. Тревите, дрвјата и цвеќето растат уредно, без никаква вегетациска бујност, воздржувајќи се од забранети милувања со бубамари. Постојано се ограничувани од своите латински имиња, како и од тоа што мораат да служат за пример. Розите дури си ги зашиваат усните. Сонуваат за хербариум.

Тука доаѓаат старци со книги, за да спијат во атмосферата на тромото отчукување на сончевите часовници.

Превод: Иван Шопов
Слика: Geoffroy Mottart

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото