Правдата полека си доаѓа по своето

04.07.2017 09:36
Правдата полека си доаѓа по своето

Правдата полека-полека си доаѓа по своето.

Пред 3 години кога почнаа да пукаат бомбите, кој можеше да помисли дека еден ден ќе доживееме Груевци да се симнати од власт, пасошите да им се одземени на сите и да чекаат сите стотина судски процеси од кои ги очекуваат години и години затворски казни?!

Прекрасни времиња се ова, драги пријатели, соборци, читатели, за ова се боревме толку долго...

Прекрасно е да знаеш дека владата е во сигурни раце, Груевци се толку далеку од народните пари и полугите на моќта, и се сè поблиску до она што одамна го заслужија - ЌОРКА!!!

Така идат тие работи, црни Грујче - сè по ред, натенане, прво те сменивме од функција, па ти ја зедовме власта, па пасошот, па сега ќе те исфрлат како тринаесто прасе од партиското седиште, па ќе ти ги земеме сите украдени пари, па ќе те затвориме во Идризово каде што ќе скапеш - ЗАСЛУЖЕНО!!!

Затоа што ти си клето монструмче, наказиче, лудак, психо злобно, толку многу злодела направи и толку многу пари украде и скурца, направи толку многу штета, ти си нашата елементарна непогода, нашата казна на судбината, некои би рекле и казна божја!!!

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња