Кој друг

04.07.2017 10:39

На портата потропнува,
кој друг освен смртта,
на животот сестрата.

И прагот го преминува
на водата заматена,
на земјата запотена,
на летото залегнато,
на зимата што ни иде,
на домата затраена.

Кој друг освен смртта,
на животот сестрата,
на пеење повикува...

Облакот е црна харфа,
а зраците златни струни
за врутокот да запее,
за ветерот да заигра
на кавали брановидни
и на гајда, ноев кораб.

Кој друг освен смртта
камилица расцветува
а син пелин занишува.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото