Skopje Reckless

04.07.2017 10:49
Skopje Reckless

Skopje Reckless
Towards dynamic habitat

 

Архитектка: Сара Симоска
Поетеса: Калиа Димитрова

 

5:17

водно почна
да ми паѓа на глава,
а по него и други
делови на градот
растен на хормони
тргнаа да ме згмечат.
утрински кафиња туѓи
по улици течат
од југ кон север
валкан веш еден тон
од еден крај до друг
лом во
аеродром
центар
маџир маало
дебар маало
-секој кат
сè повеќе боли,
се ронат тераси
темели се кршат,
дрва, сенки, реки
ни спомени нема,
и големо и мало
бега.

јас: гола, боса
трчам во место.

мојот свод
мојот град
мојот дом
лошо не ми мисли,
но секој ден се будам
од истоиот тој сон
-градот сака да се сруши
сиот врз нас угушени
во прашливо его.

градот на грб го носам
стрелките стојат на 5:17

Модел кој го прикажува Градскиот ѕид и Градската кожа, веќе постоечка инфраструктурална линија која ја допира планината Водно, поминува низ густо населени населби, ја преминува реката Вардар. Градска кожа е линија на која е важно да се работи и на која се препознаваат точки (пасивни и активни фабрики) кои можат да станат нови точки на енергија за градот. Тие можат да ја олеснат преголемата изграденост на околните блокови и да внесат свежина со зеленило, јавни простори и различни активности.

Размер: 1:10000
Материјал: балза

никулци

јас сум скитник,
спијам под кровови
-прегратки чаршиски
од топли души
кои сè уште постојат
во темните дупки.
јас сум солидарност,
полека излегувам
надвор е пролет
а јас кријам
цели букети под пазуви
и градини под нокти
ноќе ги садам
по ранетите улици.
јас сум кожата на градот,
влажна и еластична
можам да бидам дом
со дрвен под
полн фрижидер
и зелена тераса
зборлеста.

ние сме никулци,
ќе никнеме на сонце
во градот убав
ќе никне и тој
ако повеќе го полеваме.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Јавни простори / Култура
Скопје 1963-2013 / Книжевност
Јавни простори / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото