1022 hPa
52 %
17 °C
Скопје - Сре, 12.11.2025 14:59

Каде е Горанче? Каде е Горанче? Го нема Горанче. Каде е Горанче?
Решив и јас да влезам во играта во која требаше да го најдеме Горанче, кој си беше ачик-легнат на каучот. Каде е Горанче? Го нема Горанче. Почнав да барам околу каучот, под каучот, зад каучот. Каде е Горанче? Го нема Горанче. Го поткренав малку Горанче и барав под Горанче, зад Горанче, околу Горанче. Го вратив Горанче на место. Каде е Горанче? Го нема Горанче. Горанче трепкаше со очињата и со подотвореното устиче сакаше да ми каже дека тој е Горанче, дека е веќе збунет од играта, дека го има. А! Ете го Горанче, кај бил!
Кога порасна, Горанче имаше чувство, како далечно сеќавање, дека никој не го забележува и дека никогаш нема да се најде себеси.
Слика: Џоел Робинсон