Мафијашите не смеат да имаат привилегии

06.07.2017 10:35
Мафијашите не смеат да имаат привилегии

(СУДОТ НЕ КАЖУВА КОЈ ДЕН ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВУВА ГРУЕВСКИ ОТИ ТОЈ НЕ САКА ДА СЕ СЛИКА, СДК, 5.07.2017.)

 

Судот да престане да го штити мафијашот и да почне да се однесува како суд на граѓаните, во служба на граѓаните и платен од граѓаните.

Во кој закон пишува дека за некого, кој и да е, треба да има посебни привилегии, посебно однесување, поинакви правила и процедури?!

Секоја ваква постапка, (а веќе се намножија бааѓи) на судот е спротивна на Уставот и претставува рушење на уставниот и политичкиот систем.

Да, за ова се прават демонстрации и се менуваат судии. Сè додека не бидат ставени оние кои знаат еднакво да го применат законот за еднаквите луѓе.

Дајте бре, доста ми шиткате феудализам на голема врата, а ние како најдолни кметови молчиме и голтаме.

Не сакал на предна врата, не сакал јавност, не сакал медиуми, не сакал да го гледаат, си бира судии, не сака...

Професори, доктори и новинари се тратуваат од земи и се носат со лисици, а мафијашите имаат привилегии.

Ма, секој судија кој дозволил вакво нешто мора да биде под итно суспендиран и да започне процедура за негово казнување и разрешување од судиска функција.

СЕКОЈА ПРЕСУДА ЗАПОЧНУВА СО ФРАЗАТА: ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ...

Ова не е празна фраза, туку суштински елемент на судот на кој граѓаните му делегирале одредена функција. Не во име на партијата, не во име на Груевски, не во име на мафијата.

Судии, ако не си ја средите работата внатре, сите ќе бидете третирани на ист начин, како потпомагачи во рушење на уставниот и правниот поредок на државата.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња