Малограѓански живот

07.07.2017 10:20

Соседите спроведуваат
тело по улицата,
жена спакувана
во алишта - првиот и последниот
подарок од општеството. Венците
навестуваат врска
меѓу смртта и убавината,
додека куклите,
со очи отворени, сонуваат
во излозите на стоковната куќа,
носејќи ги алиштата за кои велиме би умреле,
и во кои, кај и да е,
може ќе нè закопаат.

Превод: Магдалена Хорват

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото