Градови во облаци

20.07.2010 12:06
Градови во облаци

Освен лудиот проект на Хитлер, идеалниот град Германија, историјата на архитектурата помни уште неколку подеднакво безумни дела кои, за среќа, никогаш не се остварија од замислата на хартија.

Со создавање на монументален град-споменик во своја чест меѓу првите се зафати, во дамнешниот 3 век п.н.е., големиот војсководец Александар Македонски, кој посакал град кој се извишува како некоја планина.

Со индустриската револуција и новите социјалистички идеи повторно почнуваат да се раѓаат идеи за совршен, утописки град, кои сега се многу поамбициозни. Необичен е примерот кој го дал славниот изумител Кинг Камп Жилет, најпознат по својот славен изум – жилетот за бричење. Во книгата „The human drif “ од 1894 г. тој го опишува својот совршен град кој го замислил на водопадите на Нијагара, а кој требало да има 24 000 згради со по 25 ката и во кој требало да живеат околу 60 милиони жители.

Мечтата да се досегнат облаците со некоја градба продолжила со изградбата на бројните облакодери во 20-от, но и 21-от век. Митската височина од еден километар сè уште не е досегната, ама на добар пат е кулата Бурж Дубаи (Burj Dubai) во Обединетите Арапски Емирати, висока 818 метри.

Во некоја фиока, чекајќи богат мецена кој би го финансирал големиот проект, сè уште стои The Bionic Tower, проект на вертикален град од 2001 г. кој го замислија шпанските архитекти Елој Селаја, Роса Сервера и Хавиер Пиоз. Зградата која со својата височина од 1228 метри буквално би ги пробивала облаците ја замислија и сместија на вештачки остров. Предвидено е на нејзините 800 ката да живеат околу 100 000 станари кои би биле поделени во 12 квартови. Само за патување со лифтот на станарите од првиот до последниот кат би им биле потребни околу 35 минути. Меѓутоа, сè додека не наиде некој богаташ кој ќе сака неговото име да се впише во историјата на архитектурата, сонот за највисоката светска зграда ќе остане само утописки проект.

За да ја надмине славата на гламурозниот Париз и историското значење на вечниот Рим, Хитлер нарачал луд проект за нов град на иднината под името Германија. Идеалниот град кој требало да го воодушеви фирерот го осмислил архитектот од доверба Алберт Спеер. Оригиналната макета на Германија, која за време на војната е изгубена, и самата била со импресивни размери – била долга 30 метри, а за гледачите подобро да се соживеат со тој важен проект, изработени биле реални фигурички од војници кои маршираат по предимензионираните авении. Во макетата на градот се наоѓала и еден вид реплика на париската Триумфална порта, која била дури 50 пати поголема од оригиналот! Нејзината макета била толку голема што човек со просечна височина можел да застане под неа целосно исправен. Дека навистина се работело за луд проект, сведочи и наводната изјава на архитектот на Мусолини по проучувањето на макетата: „Сега гледам дека сите целосно го изгубиле паметот!“.

Несомнено, со титулата за најстрашен и најнеразумен урбанистички проект во историјата можеме да ја наградиме Германија, не само поради стравотната триумфална порта, туку и поради останатите елементи. Па така, куполата на т.н. Големиот павилјон, централната нацистичка зграда, градена по примерот на куполата на римската базилика Св. Петар, требала да се извишува 300 метри, а под неа било предвидено да собира околу 180 000 лица.

Американските војници кои по освојувањето на Берлин ја виделе макетата, тврделе дека во куполата, со помош на специјални апарати, можеле да се создадат и вештачки облаци. Да не бил навреме спречен, Хитлер би ја остварил својата луда замисла. Пред самото градење било предвидено уривање на илјадници берлински згради, а на проектот требало да работат околу 25 000 затвореници и логораши.

Славниот француски архитект Ле Корбизје, освен што меѓу првите почнал да употребува нови материјали и започнал да осмислува нов концепт на живеење во станови, пред 1925 г. дошол до една необична идеја за создавање нова населба во старото јадро на Париз. Предложил уривање на повеќето згради покрај северниот брег на реката Сена, каде замислил градење на модерна населба Cité Contemporaine, во која сакал да смести дури 3 милиони жители. Неговите нацрти детално прикажуваат 18 големи облакодери од по 60 ката, меѓу кои требало да има големи паркови. Неговата замисла била отфрлена не само од широката јавност туку и од стручната, а самиот Корбизје веројатно никогаш во животот не доживеал толкави критики.

Како и останатите историски мегаломани, Јосиф Сталин посакал да остави зад себе и еден мегаломански градежен проект. Во 1931 г. е распишан конкурс за градење на Советската палата, административен и конгресен центар во Москва, на местото на денешната црква Христос Спасител. Конкурсот предизвикал неверојатен интерес не само меѓу советските туку и меѓу светските архитекти. Свои трудови испратиле дури 272 архитекти, меѓу кои и Ле Корбизје, Јозеф Урбан, Волтер Гропиус, Ерих Мендесон, Армандо Брасини... Победил рускиот архитект Борис Јофан кој својата инспирација ја нашол во вавилонската кула. Кулата на оваа зграда требало да биде висока 400 метри, а на врвот би се наоѓала статуа на Сталин која со својата величина требало да ја надмине Статуата на слободата. Ако не можете да си ги замислите неговите размери, еве мала помош: димензијата на еден прст на статуата требало да биде околу 6 метри! Иако проектот никогаш не го здогледал светлото на денот, штетата била нанесена со уривањето на црквата од 19-от век. Чистењето на нејзините остатоци траело дури една година.

Извор: pogledaj.to

E ja заборави Големата

E ja заборави Големата Пирамида во Гиза. 3900 години бил највисок објект кој го изградил човекот!!! 39 века никој да не те стигне!!! Тоа е поим за мегаломанија...
Оппппппппп Грешка Големата Пирамида е навистина изградена а и уште стои.

Оф! Сега ми е јасно од каде

Оф! Сега ми е јасно од каде инспирација добиле нашиве "архитекти" од владата. А и лудилото и фанатизмот им се слични со погоре споменатите.  

Хитлер беше

Хитлер беше Вегетаријанец...Значи сите Вегетаријанци се Нацисити. Остај... Да биде жив и здрав Бернули.

Јас сум веган, според

Јас сум веган, според логикава - сигурно сум фашист :))) можеби сум еко-фашист што и не е така лошо...

ОкоБоли главаВицФото