Јули-август сум Омар Шариф

07.07.2017 11:58
Јули-август сум Омар Шариф

Синоќа, после заебанции од сабајле до 7 вечер.
Каде? Нормално, прво да видам стање кај Горанци. Мора да се проверуат. Заебаваат у набавки (од сите шес’). Рецимо, сакаш џигер денеска? Е нема, не набавиле. Шо не се најави? Или, на ортакот црно пиво? Да попиздиш, му нудат друго.
Добро шо отидов. Немаа Бадел коњак, еееј. Зашо е битен Бадел?
Шабан е единиот ковач у КВ. Заедно со брат му Рустем. Иначе, одамна за у пензија. Татко им, на времето, ги „држел“ Сопиште, Говрлево и селата све до накај Китка. Потковуење мазги, магариња, клепање секири, копачи. Kоњи немало, пошо нив само војводи ги јавале, а у Скопје не се појавил ниеден. Това у поново време, на плоштад и еден крвник на чешма.
Сеа, „децава“, поправаат пружини од камиони, ножеви од косилки и свашта што носи модерно време. Си работат и даље со ќумур и ковачки „мев“. Неописиво старомодно. Ама ОК си работат. И „држат“ цени.
Шабан е нон-стоп на точак стар миљон години. Секој ден вози КВ -Топаана и обрнуто. Иначе, стар скопјанец, со педигре. Пие искључиво Бадел коњак и префинет е у тој смисол.
- Шо ќе пиеш, Шабан?
- Ти заебааш? (забезекнуто го глеа Рамбо)
- Не бе, неаме коњак (мртов-ладен, ко шо знае)
- Е јебига... и сеа?
- Ракија иаме од жестоко.
- Купечка или?
- Абе фабричка.
- Дај да видам?
(Не пие Шабан свашта. Брља од пазар? Боже сачувај!)
- Еве бе. Етикета, бандерола, све. Сакаш пред тебе да крцнам ново шише?
- Не, не, не се мучи до толку. Дај една.
- Сеа.
- Ама нулапет да видам!
- Да бе, еве.
(Го глеам полубричен, а обично е глат.)
- Пушташ брада Шабан?
- Не бе, овој месец бркои мислам да пуштам, па да не се бричам постепено. Башка, еднашка само на бербер.
(На бербер се бричи. Стил!)
- Аха.
- Шо аха?
- У јули, кој си?
- Омар Шариф, се заебааш со мене? Јули-август сум Омар Шариф.
- Септембар?
- Септембар тасма.
- Знам, не ми кажуј. Берт Ланканстер?
- Браос бе, Џанго, шо пиеш за ова?
- Не бе, се брзам, ја само у контрола дојдов.
- Епа ај ондак гитла, да не станам за момент Клин Исву.
- Де бе..
- Шо пиеш? Збори брзо!
- Пиво.
- Рамбо, дај на Џанго...
(Шо да праам, шо? Запалив патиките и у прв маркет купив Бадел коњак. Да има. Шабан не е заебанција. Скоро икона у КВ.)

Слика: Paul Krapf

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото