Во Скопје одржан Форум на граѓанското општество

07.07.2017 14:22
Во Скопје одржан Форум на граѓанското општество

На 4 и 5 јули 2017 година во хотелот Александар Палас во Скопје се одржа Форум на граѓанското општество, на кој 135 претставници од 72 граѓански организации и 8 независни експерти работеа на проширување, дополнување и ажурирање на Предлогот за итни демократски реформи (Блупринт), којшто иницијално беше подготвен и објавен во јули 2016 година.

На НВО Форумот 2017 беа изготвени предлог реформски приоритети и мерки за период од 12 месеци во областите: избори и изборен систем, јавни финансии и економија, правосудство, јавна администрација, собрание, контрола врз полицијата и службите за безбедност и контраразузнавање, борба против корупција, граѓанско општество, образование и младински политики, култура, социјална заштита, благосостојба и одржливост, здравство, животна средина и енергетика. Документот е изготвен со цел граѓанското општество да го даде својот придонес во дизајнирањето и имплементацијата на реформите за демократизација на општеството од страна на новата Влада на Република Македонија. Документот ќе биде објавен на прес-конференција во текот на следната недела.

Атмосферата од форумот ја пренесуваме преку фотографиите на Ванчо Џамбаски.

ОкоБоли главаВицФото