1017 hPa
63 %
17 °C
Скопје - Вто, 17.09.2024 09:59
На пат кон Германија на самитот на Г20, американскиот претседател Доналд Трамп ја посети и Полска.
Во Варшава го пречекаа многу поддржувачи, но и демонстрантки облечени како слугинки.
Жените во долги црвени фустани и бели качулки – како омаж на облеката што ја носат слугинките во дистопискиот роман на Маргарет Атвуд „Радост на слугинката“. Оваа облека сè почесто се користи на протестите во изминатите неколку месеци. Од Тексас до Калифорнија, па и во Вашингтон, жените се облекуваат како слугинки во знак на протест поради постојаното назадување во женските репродуктивни права и здравствената заштита што ја спроведува администрацијата на Трамп.
Полскиот протест се одржа на плоштадот „Красински“, кадешто се собраа и многу поддржувачи на Трамп, да го поздрават претседателот на САД. Но се појави и друга голема група луѓе што протестираше против посетата на Трамп, при што повеќето демонстранти беа облечени во обична облека. Некои држеа транспаренти на кои пишуваше: „Глупав Трамп“ и „Трамп не е добредојден“.
Од фотографиите кои кружат на Твитер, се чини дека околу десетина жени пристигнале на протестот облечени како слугинки, а меѓу нив имаше и мажи, исто така во костими на слугинки.
Извор: The Huffington Post