Графички роман за човечкиот мозок

08.07.2017 12:42
Графички роман за човечкиот мозок

Научниците дури сега почнуваат да разбираат како функционира мозокот - од тоа што се случува додека спиеме, како да ја оптимизираме меморијата, па до тоа како влијаат љубовта и музиката врз човечкиот мозок. Ние, останатите, пак, сме некаде помеѓу фасцинираноста и збунетоста кога станува збор за сложените внатрешни механизми на нашиот господар што нè контролира.

Од британската независна издавачка куќа „Nobrow“, која ја издаде и графичката биографија на Фројд и симпатично илустрираните хроники „Вселенската трка и авијацијата“, како и величествената „Ничија земја“ на Блексболекс,  сега доаѓа „Neurocomic“ (Неврострип), графички роман за тоа како работи мозокот. Во оваа извонредна соработка меѓу д-р Хана Рош и докторот по неврологија - кој е и илустратор -Матео Фаринела, со поддршка од Фондацијата „Wellcome“, со прекрасни црно-бели илустрации се објаснува како работи мозокот - перцепцијата и халуцинациите, меморијата и емоционалното сеќавање на свеста, како и разликата помеѓу умот и мозокот.

Книгата нуди прошетка низ шумата од неврони, а потоа учиме за невропластичноста. („Ова е големата моќ на мозокот - пластичноста!“ Во еден од најведрите и утешни делови авторите ни велат: „Откако еднаш ќе научите нешто, тоа не е дадено еднаш засекогаш, туку постојано се обликува со помош на искуството“.) Се среќаваме со Павлов и неговите познати студии за сеќавањето од 1897 година во Русија. Во „шумата“ на мозокот, по патот на непослушните невротрансмитери и лекомислените ганглии, ги посетуваме и прогонувачките мемориски пештери и заоблените замоци на измамата.

Neurocomic trailer from Neurocomic on Vimeo.

Извор: Brain Pickings

Слични содржини

Квир / Книжевност / Стрип

ОкоБоли главаВицФото