Алтернативни истории

09.07.2017 13:08

Што би правеле кога сите историчари
би биле најдени мртви, со гласовите стивнати,
теориите нечитливи,
стуткани во нивните џебови?

Кога имав дванаесет, единствениот човек
што знаеше кој ја изградил оградата околу таа нива
беше пронајден со лицето во јачменот,
а неговите последни зборови потрошени на чавките.

А утрово и да знаеме
кој живее во оваа или онаа куќа, кој е сопственикот
на продавницата на аголот со штандот за весници,
несвесни сме за ветрот надвор,

капите на оџаците што злокобно се помрднуваат
на нивните седала, брзите коли што слепо влетуваат
во свиоците пред нив, возени од историчари
што треба допрва да ни ги научат имињата.

Превод: Магдалена Хорват

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото