Пичка ви матер скоро на сите

09.07.2017 13:21
Пичка ви матер скоро на сите

Многу чудно почнува да станува све ова.

Јас, пошто одамна се шуткам по дуњава, сакал-неjќел знам многу народ, а и едно големо соило роднини сме.

Познавам, активно се дружам а и блиски ми се и драги едно чудо бивши, сегашни и идни директори, политичари, дуќанџии, административци, новинари, глумци, музиканти и музичари, уметници од секаков вид, министри, криминалци, полицајци, осуденици, затвореници, режисери, професори, земјоделци, доктори, декани, ректори, попови, владици, оџи, свештеници од сите калибри и врсти, пилоти, невладини активисти што беа против власта па сеа се власт, властодршци што наеднаш станаа демократи кои се залагаат за борба против новиов естаблишмент кој е у процес на стварање, професионални војници и милитанти кои тоа би сакале да бидат, адвокати, државни службеници и уште што све не.

Само ниеден космонаут не познавам, ама сумњам дека и да познавам нешто битно би се сменило.

Ваква поларизација не памтам, а одамна памтам.

Дрва и камења летаат од сите страни.

Нема ровови, па да има борба еден против друг ров. Од сите страни фрчи. Секој против секого. Рже не се држе. Тие шо збореа едно, сеа зборат друго, тие шо збореа друго, сеа зборат како овие првиве шо збореа едно време. И секој од нив сака да чуе од тебе јасно и гласно дека го оправдуваш неговиот моментален став, без разлика дали утре ќе го смени во сосема спротивен.

Сите повраќаат едни врз други и секој ден сè повеќе од нив се со паролата „ако не си со мене, тогаш си против мене“.

Јас ваков каков што сум, не можам да се најдам у све ова, жими леп.

Ми се испокараа другари и пријатели едни со други, луѓе што ми се најблизок род повраќаат гној врз најтесното ми семејство, пораки и закани по инбокси, некои директни, некои од оние со скриена порака, као ај ти, паметно дете си, ќе ти текне шо зборам.

Знаете што, носете се бре сите у три лепе пичке материне.

Не ме терајте да ви се расправам, пошто секако можам со вас. Многу зборам и зборам аргументирано, тешко се искача на крај со мене у расправија.

Ако дое до последно, и така може. Многу ќотек држам, а у исто време и многу ќотек пружам. Проверено.

Како сакате, така.

Или станете нормални као шо бевте (не многу, толку колку шо треба) или имам само две опции:

1. Или вас сите да ве избришам, не само од ФБ, од секаде од животов и да останам скоро сам, со буквално неколку од вас што останаа луѓе, а тоа е бројка што се брои на прсти;

2. Или да зеам јас да се самоизбришам, па вие сејте си и јадете си гомна додека ви е мерак, баш да видам што ќе смените со тоа;

Пичка ви матер скоро на сите.

Sincerely yours,

T.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

Слични содржини

Став / Култура

ОкоБоли главаВицФото