Еротски домаќински расказ

10.07.2017 05:53
Еротски домаќински расказ

Еротски домаќински расказ

Ја полниш кадата. Кожата е помека кога е набабрена и влажна. Не мора да ја сушиш. Само легни ја на рамна подлога и одвој ѝ ги двете бутинки зашто таму се крие тајната за новиот живот. А тебе ти е таа, ах, на дофат! Нежно или грубо, зависи од стилот, ја извлекуваш тајната на видело, (иако потем ти се чини некако обична, тврда, непривлечна) додека таа лежи зашеметена од љубовниот допир. И така по ред со сите. Потоа ги ставаш кајсиите во тенџере со шеќер и чекаш да се згусне мармаладот.

 

Коњско опавче

Овој расказ е како она несовршено коњско опавче од коешто стрчи еден прамен, односно збор. Тој е видлив само ако добро се загледате и ако гледате од правилна перспектива. Од анфас е невозможно да се види. Не, не. Ве уверувам. Ако читате со книгата пред вас, нема да го забележите. Треба да се поставите косо, иако сепак најпогодна положба е одзади. И одблизу. Во крупен кадар. Гледате? Не, не. Не треба да ја свртите книгата. Треба да се загледате во тилот или во темето, во зависност од модата. Сега го гледате? Не?! Мене некако ми боде очи... Ми доаѓа да земам една мала игличка и да се обидам да гo пикнам внатре. Или да го направам одново. И вака ќе пројде? Секако, секако. Значи, сепак, го видовте? Не, не е тој. Ниту тој. Ха-ха-ха, по ѓаволите, не. Зошто не ја пуштам косата? Само за спиење. Бушавата красноречивост го презира јавето.

Слика: Ване Костуранов

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото