Last minute - најпопуларна дестинација меѓу македонските туристи

10.07.2017 06:31
Las minute - најпопуларна дестинација меѓу македонските туристи

Скопје, 10 јули 2017

Ова лето рекорден број македонски државјани во туристичките агенции се определуваат за Last minute аранжмани, со што тоа стана убедливо најпопуларна дестинација, говорат најновите податоци до кои успеа да дојде редакцијата на Пара вести.

Во туристичката агенција „Едвај травел“ велат дека никој не можел да претпостави оти побарувачката за Last minute ќе биде толку голема.

„Минатите години доста луѓе ни се јавија за да се распрашаат за Лефкада и Крф, пред тоа за Закинтос и Кушадаси, но ова лето речиси секој втор човек кој се јавува прашува за Last minute. Побарувачката е толку голема, што следната година планираме да воведеме First minute понуда за Last minute“, велат од оваа туристичка агенција.

Алексо Митев, еден од нашите сограѓани кој вчера се вратил од Last minute летување, вели дека минатите две години бил на Кефалонија, пред тоа одел на Закинтос, но повеќе луѓе му рекле дека одлично си поминале на Last minute.

„Секогаш ми е убаво да одам таму каде што има многу наши земјаци, каде што не морам да зборувам на странски јазици. Сите што ги знам отидоа на Last minute уште во јуни, па одлучив и јас да видам како е таму“, вели нашиот соговорник и напоменува дека Last minute многу личи на Крф и дека дури и на некои табли можел да го прочита ова име.

Извор: Njuz

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото