Инфографик за состојбата со работничките права во текстилната индустрија

10.07.2017 08:16
Инфографик за состојбата со работничките права во текстилната индустрија

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Фондацијата Отворено општество-Македонија го спроведува проектот „Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување“.

Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на инфографици кои имаат за цел да ја информираат јавноста за состојбата со работничките права во текстилната индустрија, пријавени случаи на прекршувања, поведени постапки пред надлежен инспекторат и суд и утврдени прекршувања.

Првиот инфографик е за месеците март и април 2017 година. Инфографикот можете да го преземете на следниов линк.