Златен лав за Коолхаас

20.07.2010 14:24
Рем Коолхаас

Златниот лав за животно дело на 12-та Меѓународна изложба на Венециското биенале го доби холандскиот архитект Рем Коолхаас. Ваквата одлука, на предлогот на овогодишната уметничка директорка на изложбата за архитектура Кезујо Сејиме, ја донел Советот на Венециското биенале со кое директорува Паоло Барата.

Во соопштението за доделување на наградата стои: „Рем Коолхаас ги прошири можностите на архитектурата. Тој создава градби кои ги собираат луѓето и со тоа постигнуваат амбициозни цели во архитектурата. Неговото влијание во светот ги надмина рамките на архитектурата, а во неговото дело луѓе од различни области чувствуваат голема слобода“.

Да потсетиме, Коолхаас, заедно со Ели Зенгелис, Зое Зенгелис и Маделон Врисендорп во 1975 г. ја основаше ОМА (Office for Metropolitan Architecture). Во 2008 г. списанието Time го прогласи овој архитект за еден од стоте најмоќни луѓе во светот, а во 200 г. ја доби наградата Pritzker, најважното архитектонско признание.

 

 

 

Извор: pogledaj.to