Македонија е најлошо рангирана во регионот за правата на #ЛГБТИ заедницата. 33% од испитаниците се плашат од последици ако пријават дискриминација, а 45% воопшто немаат доверба во институциите.
Што точно содржи таа петгодишна рамковна програма за соработка?
Не е на одмет да се види што навистина направи овој министер, Никола Селаковиќ, во својот мандат од нецели две години. Го воведе најмалиот буџет за култура во поновата историја на Србија; финансирањето на театрите го сведе под секој минимум, реномираните, не само српски, и не само балкански, туку светски културни манифестации практично ги укина: во Србија повеќе ги нема музичкиот фестивал „Егзит“, меѓународниот театарски фестивал „Битеф“, филмскиот фестивал „Фест“…
Лично не знам што точно содржи таа петгодишна рамковна програма за соработка меѓу Србија и Македонија (освен музејски работилници и музички концерти засновани врз народната традиција), ама кога подобро ќе размислам, во суштина не би сакал ниту да знам.