Додека сте у влада има да сркате манџа, гравче, супа и евентално мешана скара!

11.07.2017 13:57
Додека сте у влада има да сркате манџа, гравче, супа и евентално мешана скара!

Во моментите кога нацијата е шокирана од аздисаноста на Груевци за тоа колку гнетеле и гмечеле на државна сметка, владата објавила тендер за набавка на морска храна и октоподи?!?!

Абе дечки, што ви е на вас?! Вие се заебавате со нас?!

Дај заозбилете се малце, дај не се глупирајте со вакви работи, стегнете ги малце редовите, народот гладува, вие купувате морска храна и наводно тоа било за Хорхе да гнете и странските делегации?!

Кога ќе сака некој странец да јаде нешто морско, ќе се купи тогаш интервентно во маркет и ќе се оправда како интервентна набавка.

Не ни ја отежнувајте мисијата на нас кои сакаме да ви помогнеме да ја средите државата со тоа што ќе владеете малку подолго, доволно колку да се средат проблемите во земјава и да се поапси мафијата...

Но ако се реформира ВМРО-ДПМНЕ и се исчисти од баграта, вие како влада ќе траете многу кратко со вакви несмасни постапки, па уште ги правдате со тезата ТОА БИЛО ДОСЕГАШНА ПРАКТИКА! Па ние зашто ве биравме, зашто гиневме за вас?!?! ЗА ПА ЛИ ДА БИДЕ ИСТО?!?!

Дај, ви се молам, средете се малце и заозбилете се, немојте да нè брукате сите нас кои ве помогнавме за да дојдете на власт...

Додека сте у влада има да сркате манџа, гравче, супа и евентуално мешана скара, и тоа е нешто за што нацијата сонува и го јаде еднаш неделно, дај не се занесувајте...

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња