Manspreading

12.07.2017 01:25
Manspreading

„Manspreading“ или зошто мажите седат со раширени нозе во градскиот превоз. Дали е ова прикриен израз на мачизам или тие стварно мораат баш така да седат?

Не знам општ одговор. Ова е мојата исповед без поп:

Јбг, од мал седев со најшироко раширени нозе, кога не знаев ни М од мачизам, а мајка ми, партизанка со граѓански погледи од Хрватска, баш и не ме одгледуваше како црногорски кнез. Цела гимназија ја преседов расчепатен како жаба. И сега во Амстердам додека го пишувам ова, после јога, жабечки се ширам. Ако ги прекрстам нозете, ги прекрстувам под најширок можен агол. Тоа не значи дека ќе ги бодам со колена сопатниците и сопатничките во јавниот превоз. Возејќи се во автобуси, посебно во седумдесеттите и осумдесеттите, многупати бабите ми се навалуваа со телото преку седиштето, па ова не го генерализирав како родова особина ниту како облик на самозадоволен сексизам.

Извор: Фејсбук профилот на авторот