15 нешта кои не сте ги знаеле за кофеинот

20.07.2010 15:45
15 нешта кои не сте ги знаеле за кофеинот

Првпат хемиски издвоен во 1820 г., кофеинот претставува избор на милиони луѓе во светот и може да се најде во стотици популарни пијалоци и лекови.

1. Вкусното хемиско име на кофеинот е 1,3,7-trimethylxantine.

2. Во природата, кофеинот може да се најде во шеесетина различни растенија, како зрната од кафето, лисјата на чајот, гуараната (изворот на кофеин за енергетските пијалоци), плодовите на растението кола, како и во лисјата на растението мате.

3. 90% од Американците конзумираат кофеин во некаков облик секој ден.

4. Кафеинот делува со зголемување на нивото на хормонот допамин, што придонесува да се чувствувате посреќни, и со блокирање на рецепторите за аденосин, што спречува да се чувствувате уморно.

5. Докажано е дека кафеинот ја зголемува концентрацијата за учење, но тој исто така ги подобрува и рефлексите, меморијата, јасноста на мислите и капацитетот на размислување.

6. Кафеинот делува на истите делови од мозокот врз кои делуваат кокаинот, амфетамините и хероинот. Разликата е во тоа што кофеинот има поблаго дејство.

7. Од друга страна, кофеинот предизвикува и несакани ефекти, меѓу кои се несоницата, засиленото одење по мала нужда и пролив.

8. Кофеинот е добар за спортистите – 5 милиграма по килограм телесна тежина ја зголемува издржливоста и ги топи телесните масти.

9. Меѓународниот олимписки комитет ја забрани употребата на кофеинот во спортски цели.

10. Се проценува дека секоја година се конзумираат 12 000 тони кофеин. Преку кафето се внесува околу 54%, преку чајот околу 43%, а преку храна или други производи околу 3% од годишната потрошувачка на кофеин.

11. Предозирањето со кофеин може да предизвика смрт. Смртоносната доза кофеин за просечниот човек се движи 150-200 милиграма на килограм телесна тежина. Тоа е еднакво на сто испиени шолји кафе за 4 часа.

12. Кофеинот целосно е апсорбиран од организмот во период од 30-45 минути, а неговото делување е најсилно во првите три часа.

13. Кофеинот предизвикува психичка зависност. Кризите започнуваат од 12 до 24 часа по последната конзумација и можат да траат од 2 до 9 дена. Симптомите за тоа се: главоболки, замор, депресија, раздразливост и намалена енергичност.

14. Декофеинизираните производи сепак содржат кофеин во себе. Во САД, за декофеинизирани производи се сметаат оние кои содржат помалку од 2,5% кофеин во себе.

15. За време на последните денови на Втората светска војна, Хитлер си вбризгувал мешавина од гликоза и кофеин за да го одржи нивото на телесната енергија.

ОкоБоли главаВицФото