Леден брег четири пати поголем од Лондон се одвои од Антарктикот

13.07.2017 11:21
Леден брег четири пати поголем од Лондон се одвои од Антарктикот

Еден од најголемите ледени брегови, чија површина е скоро 6.000 километри квадратни, се одвои од Антарктикот за кој едвај се држеше од минатиот месец.

Научниците кои повеќе од десет години го следат разојот на големата пукнатина на ледениот брег Ларсен Ц, го очекуваа овој момент. Од 2014, одвојувањето на ледената плоча е забрзано, а сега се одвои и плови по Веделовото Море.

„Со месеци очекувавме ова да се случи и изненадени сме колку долго беше потребно конечно да се одвои. Сантата е една од најголемите некогаш видени, а нејзиниот понатамошен развој е тешко да се предвиди. Засега е во едно парче, но многу е веројатно дека ќе се скрши на помали делови“, вели професорт Адријан Лакмен.

Тој додава дека сантата во оваа област ќе плови наредните неколку децении, а некои нејзини делови ќе тргнат јужно кон потоплите води. Поради сомнеж дека струите и ветровите можат да ја однесат на северот на Антарктикот, каде би претставувала опасност за бродовите, научниците постојано ќе го следат неговото движење.

Според научниците, со одвојувањето на ледениот брег Ларсен Ц, променет е обликот на Антаркткичкиот Полуостров.

Извор: BBC