Работилница „Направи сам без отпад“ во Социјален центар „Дуња“

13.07.2017 12:31
Работилница „Направи сам без отпад“ во Социјален центар „Дуња“

„Ајде Македонија“ и Социјалниот центар „Дуња“ организираат работилница на тема како да се постигне „нула отпад“.

На работилницата, која ќе се одржи на 15 јули со почеток во 9:30 часот, ќе се зборува за тоа како да се намали негативното влијание врз животната средина и каков е животот без отпад.

Првиот дел од работилницата ќе биде посветен на тоа како да се направи компост во домашни услови. Ќе се споделат и практични совети што треба да се направи за да се намали огромното влијание на органскиот отпад врз животната средина.

Дополнително, ќе се разговара за предизвиците на патот кон „нула отпад“ живот и практични совети како да се намали конзумирањето во секојдневнието.

Во вториот дел од работилницата ќе изработуваат столови за седење од стари автомобилски гуми и други материјали.

„Што ќе научите од овој настан:

– Како да заштедите време и пари и како да купувате само тоа што ви треба
– Ќе добиете совети како да ги надминете секојдневните ситуации како „нула отпад“ практичар
– Ќе научите како сами да си направите домашен компостер и да намалите до 40% од вашето домашно „ѓубре“
– За прв пат да се фатите за алат и да направите сами без отпад

Извор: Радио МОФ