Шарлиз Терон откри зошто толку ѝ се допаднало играњето бисексуална улога на големиот екран

14.07.2017 14:21
Шарлиз Терон откри зошто толку ѝ се допаднало играњето бисексуална улога на големиот екран

Холивудската актерка оскаровка Шарлиз Терон се осврна на застапеноста на бисексуалните ликови во филмовите. Во „Атомска русокоса“ (Atomic Blonde), Терон ја игра Лорејн Бротон, која е бисексуална тајна агентка од британската разузнавачка служба (MI6). Наместо да го следи холивудското клише – женскиот главен лик се заљубува во машкиот главен лик – Бротон има секс со колешка.

„Ептен ми се допадна“, вели Терон за сексуалноста на нејзиниот лик, Бротон.

„Од многу причини, особено мојата фрустрација како оваа заедница е претставена во филмовите и недоволната застапеност на истата. Имаше совршена смисла. Едноставно ѝ прилегаше. Сметавме дека постои начин преку таа врска и фактот што тоа беше истополова врска, да се покаже дека една жена не мора да се заљуби, што е една од оние тропи поврзани со жените. ‘Жена е, подобро да се заљуби – во спротивно, е курва!’“, додава Терон.

Таа исто така зборуваше колку е важна сцената каде двете жени водат љубов: „Тоа е нешто што не го гледаме доволно во филмовите, овие видови на врски или истражување. Тоа е многу реално. А ние сме толку исплашени од тоа. Изгледа прекрасно во филмот, многу е секси. Двете зборувавме многу околу тоа дека е вистинско време жените да ја преземат сопствената сексуалност во свои раце, на истиот начин како што тоа го прават мажите во филмовите“.

Погледнете го трејлерот за „Атомска русокоса“ и неколку сцени од филмот.

Филмот ќе почне да се прикажува од 17 август во киното Синеплекс.

Тајна агентка на МИ6 е испратена во Берлин за време на Студената војна за да го истражи убиството на колега и да ја пронајде листата на двојни агенти.

Најдобрата тајна агентка на британската разузнувачка служба (MI6), агентката Лорејн Бротон (Шарлиз Терон), подеднакво сензуална и дива, подготвена е да ги употреби сите свои вештини за да преживее на нејзината невозможна мисија. Испратена сама во Берлин за да извлече од дестабилираниот град досие од непроценлива вредност, таа ги здружува силите со шефот на станицата Дејвид Персивал (Џејмс МекАвој) за да успее во најсмртоносната игра на шпиони.

Извор: www.queer.mk

ОкоБоли главаВицФото