Аналогна авантура на „МакеДокс“ - Работилница за камера опскура

14.07.2017 13:46
Аналогна авантура на „МакеДокс“ - Работилница за камера опскура

На еден месец пред почетокот на осмото издание на фестивалот „МакеДокс“, ве повикуваме да се пријавите на работилницата на која ќе си играме со самите почетоци на визуелниот запис. Накусо ќе се запознаеме со основните теориски поставки на камера опскура, сами ќе изработуваме фотоапарати и ќе правиме фотографии со нив. Дел од нив дури и ќе изложиме. Ќе ја истражуваме визуелната нарација, ослободена од технолошкиот товар.

Работилницата ќе ја води Сашо Н. Алушевски со дел од секцијата за фото и видео на „МакеДокс“. Ќе се случува преку ден во текот на три фестивалски дена, во траење од најмалку три часа дневно. Бројката на учесници е ограничена на 16, возраста на учесниците не е. Како предност ќе се смета секое фотографско искуство, особено со аналогна фотографија.

Напиши кусо мотивациско писмо - кажи ни нешто за себе и зошто би сакал/а да учествуваш на работилницата - и испрати го на photo.makedox@gmail.com најдоцна до 20 јули 2017 година.

Осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 19 до 25 август 2017 година во Скопје.

Активностите на „МакеДокс“ можете да ги следите на:

www.fb.com/MakeDox.mk
www.instagram.com/MakeDox
www.twitter.com/MakeDox
www.youtube.com/MakeDox1

Слични содржини

Општество / Активизам / Фотографија
Јавни Простори / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото