Боенка за возрасни создавана 40 години

15.07.2017 17:00
Боенка за возрасни создавана 40 години

Златниот пресек се наоѓа во речиси секој аспект на природата, а сега можете да го најдете и во една од најсложените боенки што некогаш се создени.

Рафаел Араујо прекрасно ги споил уметноста и науката во рачно изработените илустрации во кои го вклучил златниот пресек.

На овој венецуелски архитект и уметник му биле потребни повеќе од 40 години за да ги усоврши своите сложени цртежи. Користејќи ги само најосновите средства (молив, компас, линиjar и агломер), Араујо создаде цртежи кои ја отсликуваат природната математичка совршеност на нашиот свет.

Неодамна почнал да ги собира своите најдобри дела во боенка за возрасни со надеж дека повторно ќе ги поврзе луѓето со магијата на природата.

Илустрациите на Араујо се фокусираат на интелигентните модели на раст што се регулирани со Златниот пресек. Ова е специјален број кој обично се означува со грчката буква Phi (φ) и е еднаков на 1.618.

Златниот пресек може да се види во разни природни спирали, секвенци и пропорции.

„Phyllotaxis“ (Филотаксис) се нарекува тенденцијата на органските нешта да растат во спирални обрасци, а оваа појава ја гледаме секојдневно кај школките, лисјата, па дури и во спиралниот облик на некои галаксии. Овој број на обрасци се повторува толку често во природата, што многу истражувачи го сметаат за универзален закон за апсолутното совршенство на структурите, облиците и пропорциите. Фи се наоѓа насекаде - од најмалата школка до најголемата галактичка формација.

Применувајќи го Златниот пресек во неговите илустрации и дозволувајќи конструкцијата на линиите да остане во финалната слика, Араујо создава дизајни кои јасно се вртат околу оваа рамка на Фибоначи. Секоја композиција е внимателно детализирана, а на овој талентиран уметник му се потребни и до 100 часа за да заврши една илустрација.

Извор: Mystical Raven

Слични содржини

Графички Дизајн / Книжевност / Живот / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Живот / Уметност
Графички Дизајн / Живот / Теорија
Фотографија / Живот / Култура / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност

ОкоБоли главаВицФото