1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 11:07
Ова e не тoлку далеку од нас - Целје, Словенија.
Целје е место со 37000 жители и пак има место за точаци :)
Во општините Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода (слободно продолжете со набројување)... нема место за точаци по маалските улички. Во другите градови, Битола, Тетово итн. исто така нема место - улиците биле тесни!
Епа како да ви кажеме... има!
Во Копенхаген нашле место, па еве и во Целје, „во комшии“ нашле!
Потесните улици може да се решат така што ќе има:
-прво и најважно: слободни тротоари за пешачко движење од двете страни на улицата
-паркинг за жителите (паралелно паркирање, на ниво на коловоз, а не по тротоари)
-улица во една насока за возилата и точаците, насока која безбедно ќе ја делат при брзини од 30 km/h (десно на сликата).
-специјална лента во спротивна насока за точаците (т.н. contraflow), секаде каде што дозволуваат условите (лево на сликата).
Оваа улица веројатно не е поширока од 12 метри. Значи, улици со тој профил дозволуваат. Улици со поширок профил може да добијат велосипедски ленти и во двете насоки, пошироки тротоари итн.
Доаѓаат локални избори, очекуваме малку поинакви визии, наместо изговори. На Скопје не му требаат слободни пешачки и велосипедски патеки само на булеварите, туку во сите општини, по сите маалски улици. И кога сме пешки и кога сме на точак треба да може да стигнеме од која било точка А до која било точка Б во градов!
Граѓаните имаат право на тоа, а обврска на локалната самоуправа е да им обезбеди слободно и безбедно движење.
Извор: НаТочак