Лејка – празна глава

17.07.2017 11:55
Лејка – празна глава

Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош од кого граѓаните се бранеа со ноќни стражи, повторно напаѓа. Овој пат по веста дека сме добиле пари за Коридорот 8. Во текстот на граница на елементарна писменост насловен „Лајка“ пишува: „Тоа значи повторно оживување на промашената Бранкова инвестиција, пругата кон Бугарија. Таа оживеа и за време на Владата на Бучковски, ама кратко траеше. Реформската влада ќе нè задолжува за коридор кој што ќе биде непрофитабилен“. И наведува зошто: пристаништето во Драч е плитко; Бургас ни е многу далеку; бенефит од пругата ќе имаат само Бугарите; нашите пријателчиња ќе нè заглавуваат во кредити за да градиме полумртов коридор итн., итн.

Се разбира, не му е гајле на Стевчо – промашената инвестиција на Црвенковски – за штетите ако се изгради пругата. Тој само ја користи – и ваква неизградена – за да стигне до Груевски, сега заглавен на слеп колосек, и да ја докаже слепата верност кон својот сегашен ментор и пастир. Да не беше така, ќе видеше дека пругата оживеа и во пролетта 2014 година, и тоа токму од коалицијата „За подобра Македонија“, каде што е и неговата партија ГРОМ. Да не му траеше толку кратко памтењето, Стевчо ќе се сетеше дека тогаш, при поставувањето камен-темелник, беше речено: Во наредните четири години ќе има силна и интензивна градба на пругата кон Бугарија (Груевски); проектот ќе овозможи намалување на трошоците за транспорт, раст на македонската економија, ангажирање на македонските градежни фирми (Ставрески); зголемување на товарниот сообраќај од 67.000 тони на 1.7 милион тони во двата правци, а размената на стока со Бугарија да се зголеми трипати (Јанакиески)…

Лејка – глава на човек, празна глава (Дигитален речник на македонскиот јазик).

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња