Трпе во рајот

18.07.2017 10:58
Виц икона

На портата на небото стои еден многу лут човек и се дере:
- Што се случува? Што барам јас тука? Погледнете ме! Имам 35 години, не пушам, не пијам, вчера рано си отидов на спиење и сега сум тука пред вас! Сигурно е некоја грешка! Ве молам да проверите!
- Никогаш досега не ни се случило да се збуниме, одговори Свети Петар, но ќе проверам. Како се викате?
- Трпе. Трпе Блажески.
- Што сте по занимање?
- Автомеханичар.
- А... да, еве ве најдов. Трпе Блажески, автомеханичар. Е, па, господине Блажески, според нашите податоци вие сте умреле од старост.
- Од старост? Не е можно! Па имам само 35 години.
- Па... не знам, одговори Свети Петар, ги собравме саатите што сте им ги пресметале на муштериите и излегува 123 години.

ОкоБоли главаВицФото