1003 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:59
Денеска претпладне. Накај дома, после супер сабајле. Ја сретнав Видана со нејзината кул мама. Ме скара. Видана ме скара. Сум утнал синоќа со КВ хроника, а уште сум на одмор.
Застануем кај Бажо. Да допунам нешто у фриждидер.
Бажо ни е иначе локален колонијалист. Коа те мрзи, а углавно те мрзи да се ашкаш по големи маркети, идеш у колонијал кај Бажо. Има све. Од најевтиното има, а добро. Пошто КВ клиентела е јако пребирљива, а Бажо има трговачки дух. Неповторлив дух, не само трговачки. Kој знае да го препознае, додуша.
Он е малце... така. Спор до немајкаде. Стално збунето насмеан. На прв поглед - збунето, а насмеан - да, секогаш. Ако немаш нерви и љубов за него или бар доза хумор и духовитост у себе, ич не влагај.
Здепаст. Никад не знае кај му се најлон-кесите. Ко ќе ги најде, незгодно му е да го лижне прстот да ги отвори. Апаратот за картички све е негде таму, на пунење, у магацинот кој е скоцкан ко да е на Енди Ворхол. Каишот на панталоните му е стално изнад пупак. Полушишан (тоа сакам и ја, ама ми е незгодно да го прашам за берберот). Летно време носи Чик папучи, а зимно? Е ова не можев да се начудам. Го видов еднаш со СИМОД патики?! Изванредна, носталична олдајмер гардероба. Катр сезон.
Ипак, Бажо мој, не може без точак. Лето-зимо. Не е, да кажеш, заебанција колонијалист. Има и пикап.
Ама точак бе?! Тоа збори за карактер и нешо унутра. Многу. За стил. Ма како да изгледаш однадвор и ма каков точак да возиш. Ми стана симпатичен на прв поглед. Уствари одма.
Него, стрпливо чекајќи двајсистомиљон минути, да наплати на еден копиљ, две мастики, чоколатце и уше нешо, ми текна на една сцена од пред некој месец. Зимоска. Грч беше зимово. Грч.
Влага едно девојче, студентка ваљда.
Чепрка нешо по фрижидерите. Бажо е наравно мртов ладен. Не се помрднуе. Нека бара девојчето. Ваљда ќе најде.
Не е неуслужлив, да се разбереме, ама не се наметнуе ко продавачи шо ти висат на глава и те вадат од такт со прашања. Уше една изванредно мека особина. Не е дрчен.
- Барам кисело млеко.
- Има таму, во фрижидерот лево.
- Да, видов, ама само кравјо има, а во другиве сирење.
- Е добро, имаме кисело млеко од поише фирми, од која сакаш?
(Никогаш не персира, ко да е цел ден на интернет, а нема ни смартфон. Таков му е и точакот, РОГ- женски, со контра)
- Не ми е битна фирма, овчо сакам.
- Е овчо немаме. Само кравјо.
- Епа како? Не ми се иде сеа до Веро.
- Абе нема разлика. У кравјото ставаат прашак и исто е ко овчото, чврсто, со нож да го сечеш.
(Слушам и не ми се веруе, еј. Бажо трговац?!)
- Ама сеа, рецептот ми е со овчо кисело.
- Ух, (знам, си вика у себе-тибам рецептот) па пробај со кравјо (се разбуди трговецот)
- Не, не... ништо, ај ќе идам у Веро.
- Иди, ама и таму нема да најдеш.
- Е како не? Таму има све.
- Овчо кисело нема.
- Е како?
- Па сега јагнињата цицаат. Зимо е.
Ах, Бажо.
Слика: Марша Елиот