„Комитаџи“ - нов музички проект на Кирчо, Еди и Мусо

19.07.2017 10:37
„Комитаџи“ - нов музички проект на Кирчо Арсовски

Популарниот „трачер“ Кирчо Арсовски, заедно со Андреј Анастасов-Еди и Мустафа Јонузовски-Мусо, го објавија албумот „Во сарајот“, под името Комитаџи.

Вокалите и гитарските делници се на Кирчо Арсовски Андреј Анастасов-Еди  свири на тапани, а Мустафа Јонузовски-Мусо на бас.

„Во сарајот“ содржи единаесет песни, а комплетен автор на музиката и текстот е Кирчо Арсовски.

Албумот, кој е снимен на 17 јуни 2017 во студиото на Андреј Анастасов-Еди, можете да го слушате на Soundcloud, а можете и бесплатно да го симнете.

ОкоБоли главаВицФото