Гете се обидел да се самоубие откако ја прочитал „Страданијата на младиот Вертер“

19.07.2017 14:45
Гете се обидел да се самоубие откако ја прочитал „Страданијата на младиот Вертер“

1805 година

Германскиот поет, писател и филозоф Јохан Волфганг фон Гете минатата недела се обидел да изврши самоубиство со бесење во својот стан, но во последен момент бил спречен од неговиот пријател Фридрих, дознаваат Пара вести.

Фридрих вели дека до неодамна кај Гете ништо не укажувало оти ќе се реши на ваков чекор и дека бил многу расположен до пред неколку денови.

„Повеќе не можев да го препознаам, како да не беше истиот човек“, вели Фридрих. „Го прашав што се случило со него, а ми рече само дека паднал во тешка депресија откако почнал да го чита романот ’Страданијата на младиот Вертер’.“

Познатиот писател по излегувањето од болница рече дека сакал да види што е тоа во книгата што натерало толку многу луѓе да се самоубијат по читањето. Гете вели дека почувствувал како тоне во депресија уште по првите неколку страници, а состојбата му се влошувала по секое прочитано поглавје.

„Има ли во книгата некој задоволен лик?! Дали некој таму е среќно заљубен? Како да не е доволно што Вертер не може да биде среќен со Лота, но зошто и сите останати ликови мора да ги следи иста судбина“, вели Гете и напоменува дека ќе мора да се држи подалеку од книгата, зашто се плаши дека ќе крене рака на себе ако уште еднаш ѝ ги види кориците.

Извор: Njuz, Prava istorija sveta, Laguna, Beograd, 2016.