Things that might have been

19.07.2017 14:13

Мислам на нештата што можеа да се случат а не се случија. 

Расправата за саксонската митологија што Беда не ја напишал.

Непоимливото дело коешто Данте можеби го насетувал 

Откако го корегирал последниот стих од Комедијата. 

Историјата без предвечерието на Крстот и без предвечерието со кукута.

Историјата без лицето на Хелена.

Човекот без очи, кои ни ја дадоа Месечината.

Победата на Југот во трите дена кај Гетисберг.

Љубовта што не ја возвративме.

Широкото царство кое Викинзите не посакаа да го засноваат.

Светот без круг или без ружа.

Мислењето на Џон Дон за Шекспир.

Вториот рог на еднорогот.

Благословената ирска птица која во исто време се наоѓа на две места.

Детето што го немав.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото