Послушници... понизни, глупави, луди и зли

20.07.2017 06:25
Послушници... понизни, глупави, луди и зли

Деновиве се чувствувам како во старите добри денови на режимот на осомничениот Груевски. Се разработија мегафоните, стартуваа стара кампања, лошо нашминкана да изгледа како нова. Малку притеснети и преплашени, ете ги, повторно јаваат на своите искубани метли и гракаат. Истите комплименти ми ги делат не сакајќи, а отровите, омразата, клеветите и гнасните лаги се оние старите, што ги читавме и слушавме до пред само два месеци.

Ги читам деновиве оние гниди, познати, иако непотпишани, и се присеќавам на неодамнешниот судски процес во кој ги тужевме Латас, неговиот газда и еден нивни чирак, сите заедно подгрбавени прислужници на фашо-мафијата... Јованка Спировска-Панева (за која веќе ви пишував) не се осмели ни да ги повика Латас и неговиот стопан во судницата. Она суштеството, од кое би се срамел да ми е дел од опкружувањето, се потеше како свинче пред колење. Поучен, овој мал измет на две нозе, се извинуваше за искажаното, што ѝ беше доволно на сваровскана во тога, да го ослободи од секаква одговорност. Така е, охрабрени се токму од овие мизерии од судии, дека нема да одговараат, па ја продолжуваат својата валкана одбрана на криминалците.

Се прашувам, се срамат ли сваровскине судијки и судии, кога ќе видат што сè прават криминалците и нивните прислужници, а кои тие ги штитат по судовите? Се срамат ли кога ќе видат како, сепак, некои судии се осмелуваат да судат според законот, па одземаат пасоши и, конечно, изрекоа и притвори? Сваровскана судијка не се осмели ни да го повика Латас во судница, а тој сега е без пасош. Непријатно, нели? Сте слушнале сигурно, се спремаат постапки и за судии...

Значи, да завршам. Ова мизерииве од ветви мегафончиња кои си ја испоганија младоста и ги посрамотија своите семејства и пријателите, ќе останат запаметени, иако не се потпишуваат. Но, мора да се знае и запомни, барем еден факт...

Рециклираат стари лаги за кои во судница се извинуваат. Да, се извинуваат! И пред камери почнаа да се извинуваат! Па кој треба да им верува потоа?!

Не знам само дали се толку глупави што мислат дека некој сè уште им верува или само сакаат пред своите газди да глумат дека нешто работат. Нема да ги тужам. Сè уште. Ќе ги оставам да се прпелкаат во сопствениот измет. Ликсури.

Можам дури и да ги повикам да продолжат... Ајде, до последниот ден! Одработувајте! Вашиот стопан е суров. Тој ќе ве тера да го одработите и последното ковче што ви го фрлил на подот да го глодате и да му ги бацувате чизмите.

Извор: Плусинфо
Сликa: ШкАрт