Убавината на книгите што ги мразите

20.07.2017 11:57
Убавината на книгите што ги мразите

Токму кога луѓето се ограничија на оскудни извори на информации кои се во склад со нивниот поглед на свет, повеќето од нив читаат книги што ќе ги сакаат. Читањето е задоволство и одзема многу време. Тогаш, зошто да читате нешто што не ви се допаѓа?

Но, читањето на она што го мразите ви помага да го утврдите тоа што го цените: стилот, заплетот или дискусијата.

Книгите од писателите и читателите бараат многу повеќе од ток-шоу или линк на Фејсбук. Можете два часа да гледате филм и да го заборавите, но со книгите не е така.

Да се држите до сите 300 страници значи да се нурне во светот на некоја сосема друга личност и да се открие какво е чувството. Делумно, затоа е тешко да се оттргнете од книгите што ги презирате.

Наместо да ја фрлите книгата настрана, свртете ја следната страница и борете се со нејзините идеи. Што е тоа во врска со нив што ве тера да се чувствувате така?

Мојата склоност кон „читање од омраза“ почна со Величествениот извор кој го отворив во состојба на потполно незнаење за предавањето на факултетот за архитектура од 20 век. Не знаев ништо за Ајн Ренд ниту за објективизмот. Мислев дека книгата е за тоа како се градат нештата. Дури и му ја покажав на еден пријател Французин, архитект и загрижен социјалист, мислејќи дека ќе биде импресиониран.

„Како можеше да донесеш нешто такво во нашата куќа?“, ме праша згадено. „Но, книгата е за архитектура“, одговорив тивко. Или, сепак не е? На страниците на книгата страдав во рацете на тиранскиот егоманијак, протагонистот Хауард Рорк.

Сепак, издржав. Секоја бедна страница од Величествениот извор ја завршував во состојба на бес и очај. Она што ме шокираше беше спознанието дека не сум, ниту некогаш ќе бидам, либертаријанец.

Со битките во книгите кои ги мразев, книгите што предизвикуваа чувство на бес и индигнација, вистински учев како да читам. Дефанзивноста од вас прави подобар читател, повнимателен, поскептичен: критичар. Расправањето со писателот во вашата глава ве принудува да собирате докази за спротивното од она што е напишано. Можеби дури ќе посегнувате по други текстови, ќе сложувате факти, ќе се борите со книгата во раце. Можеби дури ќе почнете поинаку да гледате на нештата.

Оние што учествуваат во дебати знаат дека понекогаш својата позиција ќе ја пронајдат дури во опозицијата.

Борба со сопствените претпоставки и одбрана на вашите заклучоци: тоа е она што што е толку моќно при читањето со омраза.

Мразев многу книги, мислејќи, ќе те прочитам па колку и да е тешко. Но, кога ги избегнував, често забележував дека презирот се меша со други чувства – страв, перверзна привлечност, дури и комплексни траги на наклонетост.

Читањето од омраза исто така може да ги обедини читателите. Сигурно, убаво е кога на луѓето им се допаѓаат книгите што ги сакате и вие. Но, уште постимулирачки е да се пронајде некој што ги мрази истите книги како и вие. Некои од најжестоките дискусии што ги имав со други читатели се водеа околу тоа колку го презираме и колку е обесхрабрувачко она што сме го читале и двајцата.

Затоа, само напред, поврзете се преку она што го мразите. Или мразете го потполно сами. Само, ве молам, прочитајте го докрај пред сосема да го замразите.

Слики: Јonathan Wolstenholme

Извор: The New York Times

ОкоБоли главаВицФото