До кога злото смее да се повторува?

20.07.2017 12:40
До кога злото смее да се повторува?

Злото што никогаш не смееше да се повтори, не само што непрекинато продолжи да се повторува, туку очигледно почна и да се надоградува. Барем кога станува збор за јавниот простор, не само медиумскиот.

Како е можно поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, тој што не го спречи крвавиот четврток во Собранието, значи што не си ја заврши работата, јавно да зборува (па макар телевизијата да е и најпартиска можна) дека сега бил спречен да спроведува реформи во Министерството за внатрешни работи!? Како може Јохан Тарчуловски, тој што помагаше силеџии и убијци да влезат и да ја „завршат“ работата со пратениците од власта, да обвинува некого (непознат сторител) за насилство, па макар бил и стопати во право? Просто е несфатливо како може градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, тој што како друмски разбојник напаѓа паркови и гаражи и бескрупулозно го расчистува патот за урбаната мафија; тој од кого граѓаните се бранат со стражи, тој што од функција министер рече: „Вчера да умрев немаше да знам дека Македонија е демократска земја“; тој што пушта во употреба лифт во станбена зграда; значи тој полуписмен Стевчо да пишува дека „Карпош има директен зијан од новата влада и од овој министер за финансии“? Се разбира, не се само тие.

На сите им беше јасно дека последиците од невремето (поточно: вемерето) што ја погоди земјата и што траеше непрекинато цела деценија се толку катастрофални што и проценката на штетите ќе оди тешко, камоли санацијата на институциите, на критериумите и на вредностите во општеството. Тие што се бореа против режимот сè понестрпливо го чекаат малото придвижување на земјата кон нормала, кон позитивна нула. Како што стојат работите, тоа ќе го доживеат како голема промена.

Извор: Слободен печат
Слика: Били Даркарт

ОкоБоли главаВицФото