Коњ

20.07.2017 13:53

Рамница што ја исчекува од самиот почеток. Зад последните праски, покрај реките, еден голем бел коњ со засонети очи како да го исполнил утрото. Со извиен врат, како во персиска илустрација, со густи грива и опаш. Цврст е и исправен, направен од големи облини. Се присетувам на чудниот Чосеров стих: a very horsely horse. Немам со што да го споредам и не сум му блиску, но очигледно е мошне висок.
Ништо, освен што е веќе пладне.
Овде и сега стои коњот, но има нешто посебно во него, оти еден коњ е исто така во некој сон на Александар Македонски.

*Морам да исправам еден навод. Чосер (The Suieres Tale, 194) напишал: Therwith so horsly, and so quik of ye.

Превод: П. В.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото