1019 hPa
65 %

5 °C
Скопје - Вто, 18.03.2025 03:59
Доаѓаше и заминуваше, нежен и фатален, набиен со бескрајна снага, од другата страна на железните шипки и сите го набљудувавме. Беше тигар утрово, во Палермо, и тигар од Оријентот и Блејковиот тигар и тигарот на Иго и тигарот на Шир Кан и тигрите што биле и ќе бидат, а исто така и тигар архетип, бидејќи поединецот, во неговиот случај, е цел род. Мислевме како е крволочен и прекрасен. Нора, едно девојче, рече: Создаден е за љубов.
Превод: П. В.