1020 hPa
82 %

13 °C
Скопје - Вто, 25.03.2025 06:59
Мој си тигар, опасен и шарен. Еве си, те нема, еве си, ми се криеш зад надежта како зад тенко спечено дрвце. Те гледам, не ме гледаш, сите нѐ набљудуваат. Железните шипки меѓу нас се ветување дека нема да падне крв, дека нема да се изедеме. Тигар си наутро, тигар навечер, тигар како другите тигри во Палермо и на Ориентот, и Борхесов тигар и пластичниот тигар на нашите деца. Тигар кој допрва ќе стане вистински. Крволочен си и прекрасен. Тигар-архипелаг си сред крвав океан со мали залечени островчиња.
Слика: Franz Marc