Конкурс за фотографија и кратко видео на тема „недискриминација и диверзитет“

24.07.2017 07:03
Конкурс за фотографија и кратко видео на тема „недискриминација и диверзитет“

Студентски културен центар ШКУЦ од Љубљана во соработка со партнерската организација Женска Алијанса од Скопје, објавува конкурс за најдобро видео и фотографија на тема недискриминација диверзитет. Конкурсот се спроведува во рамки на заедничкиот проект „Безбедни и еднакви: Управување со недискриминација и диверзитет при вработувањето“, поддржан од Европската Унија.

Конкурсот е отворен за сите полнолетни лица и трае до 18 август 2017 година. Со конкурсот сакаме да ја поттикнеме јавноста на размислување за тоа што е потребно да се преземе за да се спречи нееднаков третман на луѓето кои се различни во однос на нивниот пол, возраста, попреченоста, расата, етничката припадност, вероисповедта, сексуалната ориентација, родовиот идентитет и други лични карактеристики.

Правила и услови за учество на конкурсот

Конкусот е отворен за лица кои имаат навршено 18 години. На него може да се пријават поединци и групи (во овој случај, сите членови на групата мора да бидат во склад со старосното ограничување).

Содржината мора да се однесува на културната разноликост и спречување на дискриминација. Оттука, конкурсот е отворен само за оние чии пријави и дела се во согласност со условите на конкурсот.

Видеото да се испрати со користење на некој од сервисите за складирање на податоци на интернет како Google Drive, Microsoft OneDrive, Dropbox и други, при што на нашата електронска пошта info@womensalliance.mk ќе ни го проследите линкот за преземање, додека фотографиите (до 25MB) се испраќаат директно преку е-пошта. Во прилог треба да се достави потпишана изјава во која лицето дава гаранција дека станува збор за сопствено авторско дело (ако е соработка на повеќе автор(к)и, изјавата ја потпишува и наградата ја добива групата) и согласност дека организаторот може нивното дело да го објави во јавност на манифестацијата „Денови на разноликоста“, која ќе се одржи од 30.08 до 1.09 2017 година во Скопје.

При испраќање на фотографија или видео, потребно е да се достават и личните податоци на авторот/ката (име, адреса, е-пошта, телефонски број, називот на образовната институција, насоката на студии, имињата на членовите на групата) и да се наведе годината на производство на делото. Организаторите ќе ги чуваат податоците за учесниците на конкурсот во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Ве молиме имајте предвид дека организаторот на конкурсот не е во можност да ги рефундира патните трошоци или други трошоци настанати при изработката на фотографијата или видеото.

Спецификации за краткото видео: Видеото мора да биде во времетраење не подолго од пет минути. Пожелно е во монтажа да се подобри и квалитетот на звукот (доколку има потреба). Видео записот е пожелно да биде со резолуција 1080p, но не помала од 720p, во MPEG2 формат.

Спецификации за фотографијата: Фотографијата мора да биде со минимални димензии 1200 x 1800 px.

Конкурсот е отворен, односно вашите дела можете да ги испраќате до 18 август 2017 година.

За евалуација на пристигнатите дела ќе биде формирана трочлена стручна комисија која ќе ги избере најдоброто видео и фотографија, а автор(к)ите на наградените дела ќе добијат парични награди од по 15.000 денари. Одлуката на стручната комисија ќе се смета за конечна и без право на жалба.

Учесниците и победниците на конкурсот ќе бидат известени за резултатите од одлуката на стручната комисија најдоцна до 25 август 2017 година. Сите учесници ќе добијат благодарници за учеството.

Од пристигнатите дела ќе се направи селекција на видеа кои ќе бидат прикажани и фотографии кои ќе бидат изложени на отворањето на манифестацијата „Денови на разноликоста“ во Скопје, кога ќе бидат доделени наградите и благодарниците. Информациите за настанот ќе бидат благовремено објавени.

Извор: www.womensalliance.mk

Слични содржини

Активизам / Јавни простори / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија / Став
Активизам / Фотографија / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија / Живот

ОкоБоли главаВицФото