„Твин Пикс“ се изгуби и повторно си го најде патот

25.07.2017 13:14
„Твин Пикс“ се изгуби и повторно си го најде патот

На почетокот на втората сезона на „Твин пикс“, бурната, параноична, крими мистерија на Дејвид Линч и Марк Фрост, на еден човек косата ќе му побели преку ноќ.

Сигурно е дека на тој човек, Лиланд Палмер, во последно време воопшто не му било лесно: не може да престане да пее песни од мјузкли од педесеттите, неговата ќерка е силувана, убиена и пронјадена на брегот на реката замотана во пластична кеса; неговата жена ја опседнуваат визии за некој дивјак со секира кој се крие позади мебелот.

Овие осцилации помеѓу апсурдноста и хоророт, серијата „Твин Пикс“ ја претворија во хит на телевизијата „ABC“. Во деведесеттите години имаше многу малку телевизиски преседани коишто толку живописно ги истражуваа најмрачните агли на американската психа.

Донесувајќи во светот на тв сериите автор каков што е Линч, номиниран за најдобар режисер за филмот „Blue Velvet“ (1986), оваа телевизија, всушност ги удри темелите на револуцијата на користење субверзивни средства во популарната телевизија.

Првите епизоди постигнаа исклучителен успех, но кога беше разрешено најважното прашање – „Кој ја уби Лора Палмер“, серијата се лизна во мрежа на езотерични заплети.

„Во втората сезона стана многу глупаво и будалесто; стана смешно“, изјави Линч во телефонско интервју, објаснувајќи дека не работел на втората сезона, бидејќи во тоа време го снимал филмот „Wild at heart“, што му го одвлекло вниманието од серијата по снимањето на правата сезона. „Престанав да ја гледам таа серија зашто стана очајна“, кажал Линч.

На тв каналот „Шоутајм 21“, во мај почна новото поглавје на „Твин пикс“ во времетраење од 18 часови. Поголем дел од старата актерска екипа се врати, но овојпат Линч седи сам во режисерското столче. Новата серија е како што вели самиот Линч, „како игран филм“.

Но светот на „Твин Пикс“ во 2017 година е голем ризик за телевизијата „Шоутајм 21“. Телевизискиот свет на кој токму оваа серија му го отвори патот, сега е многу поразвиен – не само што очекувањата на гледачите се поголеми, туку и поврзувањето со публиката преплавена од содржини, експоненцијално е потешко во златната ера на телевизијата.

„Едвај чекам да видам каков е ’Твин Пикс’ во универзумот на социјалните мрежи, затоа што, искрено, ја паметам серијата како да беше феномен на социјалните мрежи“, вели Гери Левин, програмски директор на „Шоутајм“. Тој во времето кога серијата прв пат се прикажуваше на каналот „ABC“, работел таму како заменик директор на драмската програма.

Кога на 8 април 1990 година „Твин Пикс“ се емитуваше првпат во форма на двочасовна пилот епизода, освои речиси 35 милиони гледачи и стана телевизиски филм со највисок рејтинг во таа сезона, а доби и позитивни критики.

Во првите осум епизоди во кои фокусот е на убиството на убавата и популарна средношколка, гледачите се запознаваат со гратчето полно тајни и со харизматичниот агент на ФБИ (Кајл Мекхлалан) кој е опседант со храна и добро кафе.

Во првата сезона на серијата убиството не е разрешено, но таа завршува со голем тизер кога агентот Купер е убиен од непознат напаѓач.

Втората сезона од 22 епизоди се отвора со џинот од друга димензија кој поставува загатки и 80-годишниот послужител кој на Купер му држи лекција за оптималната температура за пиење млеко.

Телевизијата „ABC“ тогаш беше многу нетрпелива да ја реши мистеријата со убиството на Лора Палмер. „Серијата можеби беше премногу неконвенционална за некои од директорите“, вели Фрост.

Заплетите што следеа не ги воодушевија обожавателите и не привлекоа нови гледачи: Бенџамин Хорн, градскиот могул на недвижостите имаше нервен слом и компулзивно почна да јаде моркови; 35-годишна жена со амнезија се претвора во шампион во борење...

До 15-та епизода, серијата падна на 85-тото место од вкупно 89. Со време, „Твин Пикс“ стекна статус на статус на родоначалник на авангардата во мејнстрим телевизијата, а она што претставуваше ДНК на серијата – натприродното, грозморното и секојдневното, филтрирано низ несекојдневната кинематографија и режија – постепено се пресели и на другите телевизиски мрежи кои емитуваа серии како „Lost“, „The X-files“, „Stranger Things“ и од неодамна „Riverdale“.

За „Твин Пикс“ на 21. век, актерите меѓу кои е и Наоми Вотс, добиле сценарија само со нивните улоги и не им било дозволено за своите улоги да разговараат со медиумите. Мекхлалан беше единствениот што имаше можност прв да го прочита сценариото до крај. Дејвид Линч изгледа навистина среќен што се врати во светот што го сака, иако тој е исполнет со силувања, инцест и убиства.

Тој ги одрекува сите инсинуации дека „Твин Пикс“ има подлабоко значење, дека навистина има нешто злокобно во оние славни крофни што, веќе со децении“, ја разгоруваат фантазијата.

„Не, не, не - тоа е обично гратче со мистерија и со мистерии во мистеријата, тоа ментално е стварно место, ама не е реално место“, објаснува Дејвид Линч.


Извор: The New York Times