Недоразбирање со јазикот

26.07.2017 10:48
Недоразбирање со јазикот

Тие што денеска ќе помислат дека патриотите од ВМРО-ДПМНЕ (од Антонијо Милошоски до Сотир Костов) се нешто премногу загрижени за судбината на македонскиот јазик – прашуваат дали ќе биде спомнат во договорот со Бугарија – треба да си спомнат дека за време на нивното владеење грижата за македонскиот јазик и за македонизмот воопшто падна под секое културно, образовно и цивилизациско ниво.

Пред пет-шест години, во времето кога партијата стана семоќна и целосно се поистовети со државата, тогаш кога кулминираше најпроизволното и најрасипничко трошење пари за лудориите на премиерот и партиски лидер Никола Груевски, лекторатите по македонски го допреа дното на бедата. Лекторите, тие промотори на македонскиот јазик, литература, култура и идентитет во светските универзитетски центри живееја во мизерни услови (сместени во студентски домови), со плата пониска од професорите во средно училиште. А за одржување на 11-те лекторати годишно беа потребни само 40.000 евра! Отприлика колку што чинела „хранарината“ во Министерството за внатрешни.

Како во таква ситуација реагираше Министерството за образование под водство на ВМРО-ДПМНЕ? Тоа побара студиите по македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје да се стават во мирување, да згаснат. Да не беа реакциите од студентите – напишаа Проглас за заштита на македонистиката во Република Македонија! – писателите што ги поддржаа, од професорите и од луѓето што навистина знаат што значи негувањето на јазикот за опстанокот на нацијата, можеше да се случи од јазикот, поточно од неговото изучување, да останат само спомени.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото