Александра Валишевска: Уметност на бруталната гротеска

27.07.2017 14:53
Александра Валишевска: Уметност на бруталната гротеска

Александра Валишевска (1976 година, Варшава) е сликарка која се вбројува меѓу највпечатливите авторки на полската и европската уметничка сцена. Дипломирала на Академијата за ликовни уметности во Варшава.

Таа е една од ретките современи уметници кои се доволно храбри да го избегнат искушението на новите медиуми и перформансите - и да се одлучи за една традиционална уметничка форма: сликарството.

Во текот на изминатата деценија таа имаше повеќе од 20 самостојни изложби во Полска и во странство. На изложбите во Париз, на пример, соработуваше со меѓународната уметничка група Фредерик.

Новиот готик стил карактеристичен за Валишевска ги исполнува нејзините слики со „распаднати деца“ или „фантастични животни“, но тоа е цела инвазија на морбидни ликови и симболика што шокира. Нејзиниот „нео готик“ се инспирира од надреалистичкиот имагинариум, средновековните мистерии, темите и референците од бајките, од Хиеронимус Бош и Франциско Гоја.

Таа создава некои од нашите најбрутални кошмари: оние дивјачки страшни соништа од кои се будиме со врескање.

Таа тврди дека нејзините дела не се автобиографски, туку се работи за навраќање на она што го цртала кога имала 4 или 5 години: „Цртав разни животни со големи глави, или слонови со мртви мачки. Потоа, на 7 години почнав да цртам голи жени што бегаат од марсовци кои се обидуваат да ги фатат со ласо. Или голи семејства што трчаат."

Валишевска вели дека честопати нејзиното момче ги дава насловите на сликите: „Смртта на педофилот“, „Ракомет со Фрицл“...

„Сликата ’Чувар’ покажува девојка и коза како спијат, и не знам дали козата ја штити или ја демне девојката, навистина не знам што е тоа... тоа е мистерија за мене.“

Најважна ми е композицијата, а не приказната - таа е секундарна.“

Валишевска не чувствува непријатност или грижа на совест заради морбидните теми: „Сакам моите слики да се третираат како гротеска“, вели таа.

Последните неколку месеци Валишевска на својот Фејсбук профил прикажа цртежи со колбаси во кои се поигрува со разни теми и уметнички правци.

ОкоБоли главаВицФото