Чарли Чаплин во боја ги уплашил минувачите

28.07.2017 12:15
Чарли Чаплин во боја ги уплашил минувачите

Њујорк, 1928

Славниот глумец Чарли Чаплин предизвикал голем инцидент кога во саботата попладне се појавил на Тајмс Сквер во боја. Лицето на Чаплин, покрај препознатливата црна коса и црни мустаќи, имало розова нијанса, а глумецот на себе, покрај препознатливите црни чевли имал тегет капут и беж шал.

Додека Чарли Чаплин во боја шетал по улица, една девојка го препознала и го викнала по име, но веднаш потоа станала свесна за неговата појава, поради што почнала да вреска.

Познатиот глумец вели дека ова не е прв пат да се случи вакво нешто и дека се обидел да ја смири ситуацијата со зборовите дека сè е во ред.

„Тогаш почна уште повеќе да вреска. Повторуваше ’тој уште и зборува’ и потрча на спротивната страна. Набрзо и останатите минувачи се свртеа кон мене и речиси сите реагираа идентично“, открива овој познат глумец, кој додава дека морал да побегне во една споредна улица.

Чаплин вели дека наскоро ќе дојде денот кога луѓето ќе прифатат дека глумците се исти како и тие, освен што се многу попознати и побогати.

„Неодамна ми се случи да отидам со пријателите на вечера, а келнерот ме замоли да го напуштам ресторанот зашто немаат чевли на менито“, вели Чаплин.

Извор: Njuz, Prava istorija sveta, Laguna, Beograd, 2016.