1017 hPa
54 %
24 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 22:59
Сокриена на врвот на новозеландскиот полуостров Коромандел и пристапна само преку диви патишта, се наоѓа комуната Махана, основана во 1978 година. Речиси 40 години нејзините жители биле оттргнати од општеството и живееле во затворен круг.
Нивната приказна ретко кој ја пренесувал. Но сега, утопискиот сон пропаѓа. Екипата на Vice го посети Артур, еден од ретките преостанати членови на Махана, за да дознае за неговиот живот во отуѓеност, битката со другите жители и надежите да ја види долината повторно во исто светло.
Документарецот прикажува прекрасен социјален експеримент кој се претворил во неуспех на изолираната хипи комуна во дивината на Нов Зеланд.
Извор: Радио МОФ