Приведени членови на Левица поради истакнување транспарент „Против војната за профит“

30.07.2017 05:09
Приведени членови на Левица поради истакнување транспарент „Против војната за профит“

Приведени се четворица членови на Левица кои во саботата попладне излегоа на мирен протест против насилство и милитаризација, откако претходно во центарот беше најавена презентација на воена опрема на САД и на АРМ. Демонстрантите кај ГТЦ сакале да истакнат транспарент „Против војната за профит!“.

„’Демократската’ полиција, потпомогната од АРМ насилно задржа четворица демонстранти и ги спречи слободно да се движат! Другарите само се обидоа да истакнат транспарент и мирно да изразат незадоволство против дефилето на американската војска на плоштад, без притоа да бидат насилни!“, велат од Левица.

Од ЦИВИЛ веќе објавија и видео од инцидентот. Според анонимиот граѓанин кој до редакцијата го испратил видеото, полицијата ги опоменала неколкутемина демонстранти што го носеле транспарентот да се тргнат од плоштадот „Македонија“, а потоа тие се повлекле на вториот спрат на ГТЦ.

Левица во текот на недела најавуваат официјална реакција за целиот настан. „Останува отворено прашањето, дали ова е официјалното доаѓање на демократијата и слободата во Република Македонија“, велат од партијата.

Инаку, Левица денеска пред медиумите соопшти дека се против членството на Македонија во НАТО.

Во рамките на воената вежба „Драгон Гардијан 2017“ вчера во Скопје кај Порта „Македонија“, покрај презентација на воена опрема, граѓаните можеа да проследат кратка обука за самоодбрана, а најавен беше и натпревар за најмладите.

Извор: Радио МОФ

ОкоБоли главаВицФото