Дно под дното

23.07.2010 10:12
Дно под дното

Се сеќавам на една колумна на Гордан Георгиев, каде што тој раскажа дека како млад активист често се среќавал со високо позиционирани младинци од ВМРО ДПМНЕ и дека бил изненаден што голем дел од нив биле фасцинирани од фашизмот и од книгата „Мојата борба“ на Адолф Хитлер. Мене тоа признание на Георгиев ме стаписа. До тој степен што и денес го помнам. Некако, не ме изненади, но ме - вџаши. Се згрозив од фактот дека нашата политичка елита се регрутира од најмрачното идеолошко дно. Од дното, на пример, од каде што потекнаа и сегашните големи дрматори, Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев. Велам, не ме изненади фасцинираноста на локални идиоти од најстрашните падови во кои потонало човештвото, зашто и самиот, по скопските чајџилници, често бев опкружен со таков тип политички, идеолошки и, ако сакате, естетски опскурантизам. Но ни во најмрачните сништа не очекував дека овдешните чајџилнички реплики на разбивачите од минхенските пивници не само што ќе се доберат до власта, туку дека ќе имаат и своја автентична културна програма за „преродба на нацијата“.

На пример, еден од најхаризматичните чајџилнички „мрачњаци“, сликар и мој некогашен пријател, денес е меѓу главните идеолози на сосема поместениот проект „Скопје 2014“. Тој проект е поместен не само во естетско-политичка смисла, туку е излезен и од шините на простиот ум. Меѓу другото, тој проект совршено го лови криптонацистичкиот карактер на сегашната власт. Го спомнувам мојот некогашен пријател заради една парадоксална работа: неговата уметност (па дури и неговиот животен стил) суштински е неприфатлив за младите осоколени наци јуришници (кои оставаат впечаток дека земјава ја држат во своите шепи како Чарли Чаплин што го држеше балонот на земјината топка, пародирајќи го Хитлер).

Баш за време на железните години на национал-социјализмот имаше еден многу интересен случај со скулпторот и драмскиот писател Ернст Барлах. Тој беше во најснажна и најдлабока смисла германски уметник, на еден нордиски мистичен начин, на кој нацистите особено се палеа. Но, дури и кон еден таков речиси совршен пример на националистички гест и патос, нацистите глупаво и шематски ги применија своите формули: „изопачен“ и „култур-болшевички“ (слични формули ние денес овде слушаме секојдневно, од Бичиклиски и другата агитпроп компанија). Во 1938 година Барлах умрел, запоставен и заборавен од „неговите“, но и од глад, како што посведочиле некои негови пријатели.

Зборот ми е: кога историјата се претвора во драма, уметноста во ритуал и спектакл, а политиката во „ликовна уметност на државата“ (според Гебелс) - тогаш луѓето исчезнуваат. Исчезнуваат како поединци, како автономни чинители. А уметноста пред сè е - автономија. Без автономија, нема уметност. Нацистичката естетика/политика всушност ги следеше истите правила на соцреализмот: убавината не е она што се случува околу нас, туку е нешто што заправо го нема, а добро би било кога би го имало. Токму според истите правила е втемелен лудачкиот проект „Скопје 2014“.

Еве како реагирал Томас Ман, 1933 година, веќе во прогонство, читајќи еден говор на фирерот за „културата“: „Зачудувачки, тој човек, експонент на малата средна класа со образование од нижа школа, заталкан во филозофирање, навистина е чудна појава. Нема сомнение дека нему, наспроти типовите како Геринг (...) и Рем, поважна од војната му е ’германската култура’. Мислите, кои тој неспретно, со постојани повторувања, со постојани ислизнувања и со стил достоен за сожалување ги ниже за тоа една по друга, се мисли на ученик од вечерно училиште кој безуспешно се труди. Тие би можеле да трогнат кога не би сведочеле за една ужасна нескромност. Никогаш моќниците, луѓето од акција во светските работи и во политиката, не се дрзнале на тој начин да играат учители на народот, дури и на човештвото. Ни Наполеон ни Бизмарк на нацијата не и’ пропишуваа програма на култура. Се разбира, тие сè уште не знаеле за ’тоталната држава’, која не е само основа на моќта, туку опфаќа сè и и’ командува дури и на културата, да, нејзе пред сè.“

Претерувам во споредбите?! Но, неодоливи се сличностите! Башка, важно е да се дејствува и едукативно, токму водејќи се од фактот што и денес, како во 1997 година, илјадници, пред сè, млади луѓе во земјава некритички ги впиваат најмрачните влијанија и за свои идоли ги имаат нашиве сокачарски хитлерчиња, овдешните политички дембели и шапшали (не само од ДПМНЕ, оти нашата палета е широка, за жал). Политичкото и културното знаење на овдешната „елита“ е на исто толку катастрофално рамниште како и дезориентираноста на нивните деца.

 

Неспособна за вистински аналогии, без чувство за контекстот и времето, со вечниот опортунизам како единствена победничка идеологија за сите времиња, таа „елита“ всушност е гробарот на Македонија; сокачарските хитлерчиња се само рефлексија на очајната општествена состојба, исто како што мизерниот комунистички апартчик Милошевиќ не беше демон туку слика и прилика на застрашувачки нараснатиот национализам на тогашната српска „елита“.

Грдо ќе биде посипањето на главите со пепел тогаш кога ќе замине опустошувачката камарила на „пастирот“; кога истите оние што молчат четири години ќе почнат да го демонизираат довчерашниот неприкосновен водач; кога божемски ќе „прогледаат“; оти денес кобајаги не знаат што се случува. Ете, можеби и само заради тоа, вреди понекогаш да се скицираат историските аналогии.

Извор: Глобус, 20.07.10.

Дај бе Комрад Геле стално

Дај бе Комрад Геле стално Грујо Хитлер.Смени малку... Што ми фали на мене?

Auuu pak hitler, skopje 2014,

Auuu pak hitler, skopje 2014, grujo fasist....aman covece..odi na odmor...ova e vo poitiven kontekst napisano;) 

Пол Пот, има една позната

Пол Пот, има една позната фраза: историјата се повторува ко фарса. Можеби оттаму споредбите...

Еве, ко за тебе и анонимниот, сосема друга тема, чиста ексклузива, тајно е преземен образецот за пристапување до партијата (го објавуем следната недела, а овде само едно прашање):

Добар слоган на ВМРО за идните избори би можел да биде:
а) Немаме демократија. Сакате нешто од скарата?
б) Ќе победиме, па макар се’ изгубиле.
в) Кој не е со нас, ќе дојдеме по него.

 

И по Грујо Грујо...И по мене,

И по Грујо Грујо...И по мене, мене. Актерите се менуваат, пропагандата е вечна.

Анонимен ти дава добри

Анонимен ти дава добри совети...сум ти ги давал и ја...ама не знам зашто до сеа све сте ми бришале...ако...демократија...живела цензура...не се љутам
Најискрено мислам дека ВМРО да избере и некој од твоите „креативни“ слогани пак ќе победат

Не се мои слоганите;

Не се мои слоганите; преземени се од обновениот „Остен“, ама јас ги ставам во нов контекст.

Што се однесува до добивањето на изборите: тоа не е аргумент за разум или за добра политика. И Хиќо добиваше избори. И Лукашенко добива (баш пред некој ден објавивме текст за Луки: http://www.okno.mk/node/6527).

И кое диктаторче ќе победи на

И кое диктаторче ќе победи на следните избори?

Аналогии

Прво: анонимен, Пол Пот и јас - да се потпишевте со крстеното име па да туфкате дека ви здосадиле темиве за тоталитаризмот. Само не се вадете дека тоа што користите псевдоними е заради стил.

Друго, се разбира дека плебсот тешко ќе се снајде во овие редови. Тој ќе си гласа на бумбар и ќе си се восхитува на секој потез на „избраните“. Да се читаат и да се разберат текстовите на еден сајт за култура, политика и општествена тематика треба троа образование и малку да сте си го напрегнеле мозочето претходно.

Коља, одлични и корисни теми, пред се секогаш со добри илустрации.

Да бе куме се е до

Да бе куме се е до името...или не беше така :-)

Ако напишам Александар

Ако напишам Александар Стојановски од кај ќе знаеш дека сум тоа баш јас...од кај знам дека ти си Влатко...гледам дека не си искусен со форуми, блогови и коментари.
Треба да се напрегне мозоче за колумните на коља? ти се молам, па он е прочитан буквар одамна, у наредниве 9 од 10 колумни ја знам унапред шо ќе пишува, не е он крив, само тоа и знае.
П.С. Да стане Милошевиќ од гроб и да дојде како кандидат у Македонија за него ќе гласам, само и само не за бц. Да има правда треба да му се суди за злосторства врз македонскиот народ.
 

Негативна Политичка Кампања

Негативна Политичка Кампања се вика ова шо го праи Кољо и Компанија. Користи Хитлер-Наци Карта стално.
Не го контам зошто не пишува само фини работи за СДСМ нека ги фали ова она вака само лошо им прави. Негативните Политичка Пропаганда има слаб ефект а често пати и контраефект. Нека прочита типот малку Теорија на Политички Маркетинг.

 Точно си насетил, еве на што

 Точно си насетил, еве на што (попрецизно) се сведува негативната политичка кампања која ја води претежно НВО секторот („финти-лектуалата“) и опозицијата - проблемот се вика Редукцио ад хитлерум, повеќе овде:
 
http://en.wikipedia.org/wiki/Reductio_ad_Hitlerum

 
Примери: текстовите на Коља, и скоро па на секој опозиционер. Да ги риеш со лопата има.


Тоа би била тактиката, поентата, фокусот, целта од кој се води таа пропаганда. А истата пропаганда пак, како обланда и каросерија се води од следниов квалитет, Fear, Uncertainty and Doubt (FUD):

http://en.wikipedia.org/wiki/Fear,_uncertainty_and_doubt
 
Примери се изјави и тези од типот: Македонија секојдневно тоне, Грујо е диктаторчинааа, никој нема никаква слобода (и покрај блатантната слобода очигледна и на Окно и на сите медиуми и поединци), ако не смениме име ќе потонеме во морето (или ќе не фукне метеор), итн., итн., примери колку сакаш.
 
Народот, сепак, не е глуп.

 
Поздрави и честитки...

Александар, Изгледа најрадо

Александар,

Изгледа најрадо би му ја затворил устата на Коља. Онака демократски. Или барем да му дишеш во врат.

Мора многу да ти се допаѓа што му се случи на Душко. Па, истата формула на сите што не гледаат колку им е добро и какви слободии уживаат.

Нема што да го бранам Коља, ама човекот не врши политичка пропаганда, туку прави анализа и еден есеј со аналогии во литературата и искуството на човештвото. Од еден феноменолошки и културолошки аспект.

Што како што реков не е за чувствителни во поглед на капацитетот.

Da se gleda cista

Da se gleda cista kolokvijalnost na kultoroloskiot elokvent i fenomenalost na paradoksalniot rakurs kako koncept vo postmodernata replikacija na zanrot kvazi-literana pamfletologija ekspesirana preku instrumetalizacija na tehnikata -redutio ad hiterikum- kako osnoven lajt motiv vo ideoloskatiot fundamet na umetnikot.

 Мене ми се допаѓа тоа што му

 Мене ми се допаѓа тоа што му се случи на Душко. Растел марихуана во бавча, што е казниво со закон. Дали ја садел намерно или не, тоа не е изговор. Во најмала рака, бил невнимателен, или толерирал и делувал во незаконска активност.
 
Да бил чист, немало да има за што да му се фатат. Арно ама, очигледно па не бил толку чист...

 

 „Нема што да го бранам

 „Нема што да го бранам Коља, ама човекот не врши политичка пропаганда, туку прави анализа и еден есеј со аналогии во литературата и искуството на човештвото. Од еден феноменолошки и културолошки аспект.“
 
Интересно...
 

  1. Ако нема што да го браниш, тогаш, зошто го браниш?
  2. Не врши политичка пропаганда? А затоа ли е толку опседнат со власта, власта, власта, Груевски, Грујо, Грујовисти, Грујовистика, Хитлер, Груевизам, власта власта власта? 
  3. Од кога тоа анализите, есеите, и литературните средства и форми не се пропагандни оружја, младичу?

 
 
Да те упатам: никој не ја спори способноста на Гелевски како аналитичар или есеист; мотивите, побудите, и намерите се она што е спорно. А во нив, кај него, многумина препознаваат лицемерие, пристрасност, и дегутантна пропаганда, и тоа е тоа. Ако ти не ја гледаш, ја гледат многу други (и тоа неопределени, па и негови колеги, а не само вмровци). 
 
Поздрав.

ги гледав збиднувањата во

ги гледав збиднувањата во Хрватска, за улицата „ВАршавска“ во Загреб, па се прашував што правеше нашата елита да го заштити Скопје?
нели бригади вакви онакви, а се што правите е да пишувате и да добивате плата за тоа? па што особено правите, уствари?
И клку смешно, демек подмладокот го читал „Хитлер“!! Хаххаха
соу уот?!
се збрале неколку недозреани и читале лектира, а уствари цело врме гледаат кој колку повеќе пари да лапне!!
во оризот гледаат, мрвките ги ловат!!
 
коља, си го читал ли „Вчеарашниот свет“ од Штефан Цвајг?
Многу поучна книга.
 

Гелевски ќе издава збирка

Гелевски ќе издава збирка поеми "101 Грујо и Наци Метафора" 

 парите на милчин се како

 парите на милчин се како хероинска зависност Ч)

 Парите на Милчин..тоа ли

 Парите на Милчин..тоа ли имате да кажете во одбрана на груевизмот? Драги груевисти, Коља пишувал критички текстови кон сите власти, некои од Вас тоа добро го знаат ама го премолчуваат за да може Колја да се обвини за пристрасност. „Грдо ќе биде посипањето на главите со пепел тогаш кога ќе замине опустошувачката камарила на „пастирот“; кога истите оние што молчат четири години ќе почнат да го демонизираат довчерашниот неприкосновен водач; кога божемски ќе „прогледаат“; оти денес кобајаги не знаат што се случува.“ Цитатот од крајот на овој текст е можеби најдобра слика за Вас. 

a da te izbrica ja tebe..

a da te izbrica ja tebe..

 затоа се тука прогресивните

 затоа се тука прогресивните да пукаат по се што мрда, колку глави ставивте во овие две години на отсрел. играта со асоцијациите не поминува и затоа немој да ме ставаш во вас - нас варијанта 

Секој кој не мисли како

Секој кој не мисли како некоја СДСМ-Окно-А1-СОРОС варијанта е Наци. У маало викаат за ова Стара финта, Нова Будала. Лепење етикети.

Olku sto se zestite, tresete,

Olku sto se zestite, tresete, kolnete i piskate. Izgleda Kolja dobro ja pogodil rabotata?

Tamam ste svile gnezdo, ste se dobrale do kancelariska rabota, nekoj i kolicka si kupil. I sega da vi se rasipue raatot?

hahahaha, "Temjana" veli: "ги

hahahaha, "Temjana" veli: "ги гледав збиднувањата во Хрватска, за улицата „ВАршавска“ во Загреб, па се прашував што правеше нашата елита да го заштити Скопје?" A, shto praveshe ti, draga Temjana? Chekashe drugi da izlezat da go zashtitat Skopje? A ti, sedeshe na strana i gledashe seir? Ili, vaka po blogovi pishuvash kritiki za gragjanite shto go sepak go dignaa svojot glas, pishuvaa kolumni, pisma, debatiraa po tv, i im naogjash zamerki deka toa ne go pravele taka kako ti shto si zamisluvash? Izlezi slobodno na javnata scena, ke te podrzhime

За дебата веќе е касно...сега

За дебата веќе е касно...сега може само меѓуизборна кампања зошто рано е за предизборна. А после избори 2012 или 2014 ИМА МЕСТО САМО ЗА БУЛДУЖЕРИ.

Не терам пропаганда. За

Не терам пропаганда. За разлика од платените партиски војници и вообичаениот сеирџиски шљам (кој е можеби и посериозен проблем за мк од евидентно самоубиствената партизираност на општеството). Сметам дека груевизмот е исклучително опасен и дека веќе ни ја расплака мајката, длабоко, на сите рамништа на општественото живеење. Да не се занимавам со тоа, би се осеќал ко неодговорно, ескапистичко ѓубре.

Да ми беше целта личниот ќар и кариерата, немаше да зуцнам за никаква политика и власт изминативе 20 години, колку што сум, више-мање, на јавнава сцена. Ќе терав уз ветар, со сите, ко што праат повеќето актери, чувствувајќи се удобно и интелигентно. Да бев таков, само од Грујо, на пример, само да се бавев со издаваштво (мојата примарна професија) ќе добиев за пар години пари ко што нема да добијам за целиот работен век.

Сметам дека примарна задача на било кој јавен актер (уметник, колумнист, филозоф, професор итн.) е чувството на општествена одговорност. Дури сметам дека било која уметност или литература која го нема тоа чувство - е празна, декоративна, илустративна (т.е. ритуална и церемонијална, згодна за најразлична злоупотреба). За токму да створам, значи, елементарни претпоставки да се бавам со издаваштво или со пишување, морам да покажам, во некаква форма, некаква одговорност за заедницата, за јавното. Не е ништо комплицирано. Целата историја се состои во такви борби. И спремен сум да ги издржам ризиците, оти и пред мене луѓе издржувале многу многу поголеми ризици - и истрајувале во таа борба за слобода, еманципација, демократија.

Ваквите идиоти ко што ги негува фамилијата, истренирани питбулчиња за виртуелни угризи, се историска фарса, ко и самата фамилија. Се’ им е сфатено ко мафијашка борба на кланови, и оттаму постојаното драматично повикување на пропаганда, контрапропаганда, (контра)разузнавање итн... Идиоти се, јебига, но кармата ни е таква, на почвава, не можеме да ги бираме соперниците. Просто: во борба сме. Ние, шака малубројни идеалисти и кретени (според нив) се бориме за една нормална демократска слободна Македонија, која почива на поединецот, на креативноста и постојаното менување. Тие (според мене: ноторни идиоти, а дел од нив и мафијаши во служба на разноразните фамилии) мислат дека реалноста на мк е далеку од некаков сон за слобода и за демократија и дека дивиот глупав и сиромашен народ треба да се држи во пранги со бајки за нацијата и за клетите душмани што сакаат да ни ја земат срцевината. Можно е вториве да се мнозинство, не негирам. Можно е дел од нивната аргументација да е валиден. Но, повторувам, во борба сме. Која не е лична, се разбира, барем во мојот случај, зашто наспроти мене и не гледам личности, туку само некакви пропагандни призраци... Но, борбата е сериозна, оти е за слобода и за достоинство и за можноста да се има барем некаква надеж, ако не во денешна груевистичка мк, тогаш барем во некоја утрешна...

Секакви болести има...Со

Секакви болести има...Со среќа.

Koga vidov vo kakov luksuz

Koga vidov vo kakov luksuz ziveelo semejstvoto na narkobaronot, mi padna mnogu maka za sirotite mladi aktivistki sto ne mozat javnosta dovolno da ja osvestat za stetnosta od zavisnostite.

dno pod dnoto

Ne me fascinira mnogu temava ,nitu avtorot nitu replikantive..
No me fascinira uniformnata  upornost, usedlanost vo sopstvenite stegi i uzivajki da se mavame so tugite kamsic i kako toa fascinantno  stanuvme i sme nacija koja saka da se pleska po gazinja..
Ispovrateni se veke ovie napadi so naci krst ispovrateni se i onie fakticki za zal odrzlivi kvazi argumentii kako  nedovaren sendvic od  Mc Donalds
No voopsto ne e fascinantno kako na nikoj ne mu se gadi sto denes 21 VEK
iako mladi ,iako stari ne zboreme za finesi vo seksot ,studentski kampusi, gragnski inicijativi za zastita na zivotna sredina tuku drobeme uste za osnovni covekovi pravi i slobodi...
SRAMOTA E STO NI SE DESAVAAT SAMO MARKETINSKI TRIKOVI I STO PO VISOKA CENA GI PLAKAME DA SE ODRZLIVI DODEKA NI SE KREVA KURETO ILI VLAZNI PICETO A POSLE ZA ONIE OSTANATITE POZADI NAS I ONIE KOI SEGA GREBAT NEMOKNO NIE MOKNO IM KREVAME SREDEN PRST I TOA KAO TREBA DA E VISOKO DOSTIGNUVANJE VO PRIRODATA I OPSTESTVOTO!
PA KAKVA E OVAA NACIJA U PICKU MATER!!!

dno pod dnoto

Bas taka ke mora od negde da se pocne.
Ke glasam za SDSM na narednite izbori iako me vraboti Vmro oti mi davaat plata od 12 000 den a na ovie ke im pobaram 25000 den
A nacionalizam da si piknat u gz , ne ke se vrtime vo krug 100 godini taka e be REVOLUCIJA  ama tivka,kako ke go krenem standardot i platite
a posto Gruevski izgleda nema pari veke saka da ne bocka so nacionalizam
e ne moze
aj cao

Само 12.000 леле те

Само 12.000 леле те заебале...си требало да се ценкаш. Јас им барав 40.000 а ми дадоа 25.000. Сега на СДСМ ќе им барам 60.000 за да добијам 40.000.
Треба да се ценкаш да почнеш од поеќе тоа му е мајката.

dno na dnoto

da zatoa posle bankrot i ti i jas i oni
i u picku mater sve
pa ke prodavame ovenati karanfili

Не бе ќе штампаме денари ко

Не бе ќе штампаме денари ко Тито и решен проблем. И сите милионери :-)

dno na dnoto

Ne be denominacija ,Ante MArkovic ti teknuva ama posle Tito pocnaa kakanicite drug spas ni nema vo ovoj virutelen svet mozni se samo virtuelni resenija a toa go moze samo Gruevski.
Da zivee magijata i Nikola Copperfield!!!
 

Od piesata "Schlageter" na

Od piesata "Schlageter" na Hanns Johst doagja poznatata naci sentenca 'Koga ke go cujam zborot kultura posegam po mojot revolver' ili vo original 'Wenn ich Kultur höre ... entsichere ich meinen Browning!'. Sto prilicno ilustrativno go komplementira dosieto Dno pod dnoto na Kolja vo odnos na mindsetot na lokalnava reducirana kvazi-kvazi bulumenta. 
Jas bi ja parafraziral - Koga ke go cujam 'omilenoto' TI TEKNUVA  od ustata na vmrovskite juniori mi ...

ОкоБоли главаВицФото